• Latest

Милан Кучан, првиот претседател на Република Словенија

May 18, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Милан Кучан, првиот претседател на Република Словенија

May 18, 2018 10:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Милан Кучан, првиот претседател на Република Словенија, во интервју за МИА вели дека Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за спорот со името, кое е сложено и кое е неправедно кон Македонија. Ова прашање, смета тој, не може да биде само билатерално прашање на Македонија и на Грција, туку тоа е прашање и  на Европската унија, која треба многу повеќе да се ангажира. Во регионот и Европа, Кучан смета дека недостасуваат државници кои ќе бидат подготвени да прифатат одговорност за своите одлуки, имајќи предвид какви долгорочни последици ќе имаат тие одлуки за нивните земји, за населението и пошироко. 

Господине Кучан, Вие сте еден од пријателите на Македонија, чии граѓани секогаш позитивно реагираат кога ќе го чујат Вашето име. Како ја оценувате актуелната ситуација во Македонија? Имаме нова Влада, во очекување сме на датум за преговори за влез во Унијата, а во тек се и разговори за решавање на долгогодишниот спор за името со Грција. 

Мислам дека со новата Влада на премиерот Зоран Заев дојде една гарнитура која јасно и недвосмислено се определи за европскиот пат на Македонија, за пат за интеграција во ЕУ и за НАТО, и дека е подготвена да ги исполни условите кои се потребни за да се спроведе членството, влезе во длабоки реформи, решено е прашањето, мислам на добар начин, на меѓунационалните односи во Македонија, кое е многу болно прашање, со реализација на Охридскиот рамковен договор.  Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за спорот со името, кое е сложено и кое е неправедно кон Македонија. На крајот на краиштата, секоја држава има право себе си да си даде име какво што таа мисли дека заслужува. Но, бидејќи тоа прашање е нерешено долги години и главна препрека за почеток на преговори, или барем една од главните препреки за почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, мислам дека решавањето на тоа прашање би покажало дека Македонија е подготвена да ги исполни условите и да се покаже како веродостојна кандидатка, а од друга страна ЕУ мора да ја покаже својата волја дека сака да ја прими Македонија во своите редови, да ја отвори вратата на Европската унија. Мислам дека досега ЕУ не покажа големо ангажирање и постојано со прст покажувајќи дека треба прво да се решат прашањата во Македонија. Внатрешните прашања мислам дека се на пат да се решат, како што реков, а ова прашање за односите меѓу Македонија и Грција не може да биде само билатерално прашање. Тоа е прашање и  на Европската унија и мислам дека Унијата треба многу повеќе да се ангажира. Друго е прашањето зошто толку се одлага не само прашањето за Македонија, туку воопшто проширувањето на Европската унија. Знаете дека за тоа работите се блокирани, не само во однос на Македонија бидејќи тука, пред се, се барањата на Франција да се посвети повеќе внимание на внатрешните односи во Унијата, внатрешната интеграција, за така во таа нова кондиција ЕУ да биде подготвена да им ги отвори вратите на новите членки.

Сметате ли дека рокот 2025-2028 година е реален за проширување на Европската унија?  

Мислам дека, пред се, е важно Македонија да добие датум за да почнат преговорите. Дали ќе биде рано да заврши тој процес во 2025-та, тоа, според мене, е секундарно прашање и не зависи од Македонија, зависи од тоа колку ЕУ ќе биде подготвена со јакнење на својата внатрешна интеграција да биде отворена или во состојба да го поднесе проширувањето со нови членки. Условите се знаат кои се, и кога ќе бидат исполнети тие услови, тогаш јас не гледам причини зошто би се одлагало проширувањето со полно право и одговорности.

Како ја оценувате состојбата во земјите од регионот? 

Мислам дека ситуацијата е доста сложена, пред се, од безбедносен аспект и во тоа светло треба да се разбере зошто тие земји сакаат, пред се, влез во НАТО, во ЕУ можеби помалку, за да ја обезбедат својата сигурност и безбедност. Тука се преклопуваат геополитичките интереси на начин кој во еден дел е легитимен, на друг начин кој не е легитимен, кој предизвикува сомнеж, несигурност, ослабување на принципите, и мислам дека пред се, треба во Брисел да сватат дека европската сигурност не може да биде обезбедена, ако не е обезбедена овде на југоистокот на Европа. Значи, таа ситуација ја гледам и кај бегалскиот проблем. Се покажа дека тоа и тоа како е поврзано и дека со своето однесување Македонија покажа дека таа може да биде и е веродостоен партнер во решавање на такви прашања. Покажа висок степен на солидарност што некои членки на Унијата не ја покажаа.

Можат ли земјите од Западен Балкан да одговорат на тој геостратешки притисок на западот од една страна, и на истокот од друга страна?

Сами не можат. Поради тоа е толку јасно изразена нивната желба да влезат во тие интеграции. Како дел од интеграцијата, тие се чуствуваат посигурни, многу ќе придонесуваат и на сигурноста во целина. Но, вака препуштени сами на себе со постојано одлагање, паѓа мотивацијата, и тогаш, секако, секоја за себе бара подобра позиција. Некогаш и надвор од контекстот што би и одговарал на Европа, која треба да е свесна за значењето на сигурноста и безбедноста на тој простор.

Важите за еден од политичарите кој недоразбирањата и проблемите ги решававте по мирен пат и по пат на дијалог. Можете ли да направите една паралела, споредба на државниците од регионот во периодот кога вие бевте претседател со оние кои денес ги предводат државите од регионот? 

Мислам дека се променија приликите од она време кога ние работевме, јас, да речеме и покојниот Киро Глигоров, во време кое беше многу деликатно, по завршувањето на поделбата на блокови на Европа, по кризата која ја зафати Југославија и барање решенија. Секако за барање мирен пат, секогаш е потребно сите партнери да бидат склони кон тоа проблемот да биде решен по пат на дијалог, а не по пат на сила и изнудување од позиција на појак кон послаб. Денес е време на прагматични политичари, не само во регионот туку и во Европа, понекогаш би рекол дури тоа не е прагматизам туку опортунизам, дека не се решаваат проблемите според критериумите на основните вредности и идеи на кои се темели здружувањето. Можеби тоа е најдобро да се илустрира со познатата реченица: Политичарите (рачунају) пресметуваат од избори до избори, а државниците гледаат долгорочно. Во Европа па и на овие простори недостасуваат државници кои ќе бидат подготвени да прифатат одговорност за своите одлуки, имајќи предвид какви долгорочни последици ќе имаат тие одлуки за нивните земји, за населението и пошироко.

Во Скопје сте на покана да одржите предвање на меѓународна конференција насловена Европа Балкан. Освен што држите вакви предавања, со што се занимавате сега? 

Ја следам ситуацијата колку што можам. Како пензионер читам и садам садници во мојот двор.

Елизабета Вељановска Најдеска

(МИА)  

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: безбедносен аспектгеополитички интересиинтервјуМилан Кучаноценасостојба во регионот
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ