• Latest

Милијарда евра преку ИПА за македонската инфраструктура

July 19, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Милијарда евра преку ИПА за македонската инфраструктура

July 19, 2023 12:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Ковачевски, заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беше на теренот каде се гради експресниот пат Градско – Дреново.

Станува збор за современ експресен пат – со мостови, клучки, надвозници, подвозници, одводнување, во должина од 15,5 километри, што е финансиран, во најголем дел, со пари од европските ИПА фондови.

„Овој нов експресен пат што се гради, од Дреново до клучката Градско, дел од Коридорот 10 – д, е уште еден пример дека посветено работиме на изградбата на безбедни и модерни патишта. Со тоа, создаваме европски услови за живот на граѓаните, овде, во државата и ја поврзуваме Република Северна Македонија со Европа”, рече премиерот Ковачевски.

„Делницата на експресниот пат од Дреново до клучка Градско практично се спојува со еден од најфреквентните патни правци во земјава, Градско – Прилеп. Со тоа ги поврзува источниот и западниот дел на државата и обезбедуваме комуникација и кон север и кон југ. Неговата изградба, затоа, е од големо значење за подигнувањето на нивото на безбедноста во сообраќајот во овој регион. А како дел од паневропскиот Коридор 10, односно крак 10 – д, патот од Дреново до клучка Градско, влегува и на картата на европската патна мрежа”, посочи премиерот Ковачевски.

Патот е во должина од 15,5 километри. Станува збор за современ експресен пат – со мостови, клучки, надвозници, подвозници, одводнување. А е финансиран, во најголем дел, со пари од европските ИПА фондови, посочи премиерот. Соопшти дека над 21 милион евра европски пари се вложени во изградбата на овој пат и над 3,5 милиони евра државни пари. Реализацијата на изведбата е 75 проценти. И, во моментов се разгледува можноста за дофинансирање на околу 9,8 милиони евра, исто така од европската ИПА структура, со цел проектот да се комплетира во првите месеци од следната година, какви што се проценките од надлежните за проектот.

„Како што може да се уверат и граѓаните, ние како Влада имаме поддршка од нашите европски партнери, во нашите искрени напори да осигураме европски стандарди тука, како и да ја внесеме државата во ЕУ”, порача премиерот Ковачевски.

„Европската Унија е убедливо најголемиот донатор на Западен Балкан, како и во нашата држава за исклучително важни проекти како што е овој пат на кој сме денеска”, додаде премиерот, кој соопшти дека преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу милијарда евра неповратни средства. ИПА 3 програмата (2021-2027) е веќе започната. Проектираните средства за 2021, 2022 и 2023 година се во вкупен износ од околу 243 милиони евра. А во тек е програмирањето за 2024 година на финансиски средства со износ од 80 милиони евра.

Премиерот укажа и на другите видови европска помош и поддршка што ги добива државата: преку ИПАРД 2 програмата – 60 милиони евра; зголемени средствата за 62 процента и доделени нови, неповратни 97 милиони евра на располагање преку ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство; нови 100 милиони евра доделени од Европската комисија за макрофинансиска помош за Северна Македонија; 160 милиони евра за Северна Македонија од финансискиот пакет од 3 милијарди евра што го предложи Европската комисија за десет партнери од проширувањето и соседството, за да помогне во ублажувањето на економските последици од пандемијата; грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

„Јасно видлива е разликата на времето кога државата беше во меѓународна изолација и граѓаните тонеа во сиромаштија и денес, кога сме членка на НАТО и одиме по јасен европски пат. Имаме рекорден број инвестиции, нови работни места и рекордно намалување на невработеноста, повисоки плати, пензии, највисока историска минимална плата, највисока историска просечна плата, три пати поголема социјална помош како и најголема историска државна помош за домашните компании како за одржување на ликвидноста така и за нови инвестиции во компаниите. Сите можат да се уверат што значи да се има европската поддршка во развојот и солидарноста и кога сме по европскиот пат. Таа поддршка ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови, кога ќе станеме членка на Унијата”, посочи премиерот Ковачевски.

Тоа го покажуваат примерите со развојот на Романија, Чешка, Словачка, Полска, рече премиерот Ковачевски, укажувајќи дека една земја членка на ЕУ, од фондовите на Унијата, добива над 10 пати повеќе средства по жител, отколку земјите кандидатки за членство. Премиерот додаде дека „овие пари значат инвестиции во животниот стандард, во нови работни места, во подобро живеење на граѓаните и примена на европските вредности дома, тоа што го очекуваат посебно младите луѓе во нашата земја”.

„Ја имаме неповторливата шанса до 2030 година да станеме полноправна членка на ЕУ! А во меѓувреме, со тоа што ќе продолжиме со нови чекори напред по европскиот пат, ќе ни бидат достапни и бенефитите од новите чекори од ЕУ кон Западен Балкан. Нов план за раст на Западен Балкан веќе најави претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен. Тоа значи можност за пристап до единствениот пазар на ЕУ – пазар со околу 500 милиони луѓе и отворени врати за соработка и бизнис што ќе ни овозможат забрзан развој. Значи длабока регионална економска интеграција и зголемување на претпристапните средства. И должност на сите е сега, кога европскиот фокус кон нас е најголем досега, да не ги попречи од дома перспективите, туку да ги осигураме конечно европските перспективи на граѓаните, на младите и на нашата држава”, порача премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, упати благодарност до амбасадорот на Европската Унија, Гир и до граѓаните на државите членки на ЕУ, во името на граѓаните на Република Северна Македонија, за големата поддршка од нашите европски партнери во реализацијата на големата, стратешка, европска цел.

По премиерот, се обрати и евроамбасадорот Гир, кој рече дека ЕУ ќе продолжи да вложува во економскиот развој и во просперитетот на државата.

„Целта на поддршка од Европската Унија е Република Северна Македонија да се спреми на стане полноправна членка и да ги ужива придобивките од членството во ЕУ. Да има пристап во поголеми ресурси”, порача амбасадорот Гир.

Евроамбасадорот Гир посочи дека тие придобивки значат повеќе работни места, подобрување на животниот стандард, поголеми деловни можности и укажа на можностите што ги отвора и Планот за раст на земјите од Западен Балкан, чијашто цел е пристап до придобивките од членството во ЕУ и во текот на процесот на пристапувањето кон ЕУ.

„Ова се огромни можности што овозможуваат да напредувате во реформите и на европскиот пат”, порача амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, кој во дел од обраќањето говореше на македонски јазик.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГиринфраструктураИПАКовачевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ