• Latest

Милионерите на Мицкоски ќе се борат со криминалот и корупцијата: Дали ветингот од 1990-та до денес е најдобриот „лек“?

October 7, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милионерите на Мицкоски ќе се борат со криминалот и корупцијата: Дали ветингот од 1990-та до денес е најдобриот „лек“?

October 7, 2024 17:30
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот со скапи часовници, министри и државни функционери, акционери во значајни претпријатија, бројни станови и дебели банкарски сметки. Од каде е изворот на овие материјални добра? Дали овие функционери се толку штедливи што успеале да имаат толку големо богатство?

Ветинг или закон за потеклото на имотот?

Ако сакаме државата и општеството да напредуваат, ветингот мора да биде задолжителен, смета политичкиот аналитичар Дритон Зенку.

– Ветингот би бил реален и значаен, доколку почне од почетокот на политичката плурализација. Сведоци сме дека со приватизацијата се случи голема корупција. Се проценува дека со продажбата на корпорации и големи државни претпријатија биле злоупотребени милијарди евра. Суштината на злоупотребите се случи токму од 1990 до 2005 година, кога ги приватизираа последните државни гиганти. Се создаде моќна олигархиска елита и корумпирана политичка класа. Ако сакаме да се исчистиме со криминал и корупција, треба да почнеме од почеток до крај. Тогаш ќе можеме да кажеме дека ја исчистивме корупцијата од минатото и создадовме позитивните практики за сегашноста и иднината. Сè друго би било фасада, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

Билјана Ивановска – поранешна претседателка на Државна комисија за спречување на корупција во изјава за „Фронтлајн“ вели дека еден од основните закони, кои се неопходни за спречување, но и за борба против корупцијата, е Законот за потекло на имот.

– Нашите заложби, како членови на поранешната ДКСК, за донесување на ваков закон датираат уште од 2019 година, односно уште од почетокот на мандатот, кога работејќи по предметите проценивме дека постои висок ризик избраните и именувани лица да не го пријават целиот имот на свое име. Советот на Европа обезбеди стручна поддршка за подготовка на нацрт текстот на Законот, но целта за донесување на Законот во суштина се промени. Имено, идејата беше да се обезбеди електронско поврзување на бази на податоци каде што се евидентира имотот на граѓаните, секако и банкарските сметки каде што се гледа текот на паричните средства, со цел граѓаните кај кои постои ризикот од легално богатење, веднаш да излезат на површина, вели Ивановска.

Законот, информира таа, требаше да ги опфати сите граѓани и да опфати одреден период наназад.

– Но, во отсуство на политичка волја за еден ваков закон за потекло на имот, всушност, се донесе само закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој што сметам дека не ги покрива сите ризици во целост, нагласи таа.

Функционерите на Мицковски тежат милиони евра

Националниот координатор за демографија во Владата, Влатко Ѓорчев, во анкетниот лист што го доставил до Државната комисија за спречување на корупција навел дека поседува недвижнини од половина милион евра и акции во компании од САД.

Тој пријави станбена куќа од 250.000 евра во Бардовци, стан во Кисела Вода со вредност од над 150.000 евра, а од 2022 како подарок добил куќа од околу 40.000 евра и земјиште во Трстеник од 53.000 евра.

Некогашниот гласноговорник на својата партија има акции во пет американски и една германска компанија. Најголемиот удел номинално му вреди околу 275.000 долари во фонд на „Стандард и Пурс“ од САД. Останатите удели се со далеку помала вредност.

Од возила, има „фолксваген шаран“ со актуелна вредност од 25.000 евра и „фиат 500“ со моментална проценета вредност од 12.000 евра.

Има шест девизни и трансакциски сметки во земјата и две трансакциски сметки во Хрватска. Во анкетниот лист е наведена дивиденда во износ од околу 2.000 евра. Објавено е името на неговата маркетинг агенција – Г4 Стратегиес анд солутионс. Платата која ќе ја добива како национален координатор е 112.279 денари нето.

Во својата реакција, Ѓорчев нагласи дека целиот негов имот има документирано потекло, со сите потребни правни и банкарски докази, и дека нема ништо спорно во врска со неговите имотни трансакции.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, поседува куќа во Влае, купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје. Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот девизи во штедната книшка, а од долгови, пак, Премиерот пријавил и дека има кредит од околу 400.000 денари.

Интересно е што Мицкоски во анкетниот лист пријавил дека има два часовника, кои ги поседува од 2015, односно 2016 година. Едниот чини 2.384.202 милиони денари, додека другиот часовник е 824.052 илјади денари. Премиерот Мицкоски не објаснил како ги набавил овие два луксузни часовници од швајцарски марки.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска има најмногу пари врзани во недвижности. Таа пријавила живеалишта вредни над 1 милион евра. Таа поседува два стана во Центар, едниот со површина од 87м2, а другиот од 60м2. Поголемиот стан вреди 80.000 евра, а помалиот 60.000 евра. Поседува и четири стана во странство од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Едниот стан во Шпанија вреди 335.000 евра, а другиот 225.000 евра. Станот во Португалија е проценет на 162.000 евра, а станот во Србија 157.476 евра.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ