Белорускиот диктатор Александар Лукашенко во целост ја има прифатено матрицата на неговиот ментор Путин, па и кога се работи на индоктринација на децата од најмала возраст.
Така, градинката бр. 4 во Лелчици си доби своја група „млади патриоти“, откако во есента 2024 година, се појавија информации за истата група на „граѓанско-патриотска ориентација“ во Житкавичи, додека во регионот Хомиел во три градинки веќе има такви групи
Како што пренесува Еурорадио.фм, во четвртокот учесниците на регионалниот семинар за претседателите на регионалните синдикални организации дојдоа во градинката да ги видат „младите патриоти“.
Децата беа облечени во паравоени униформи со еполети. Тие за гостите рецитираа „песни посветени на нашата земја“, пишува окружниот весник.
Досега функционерите, спроведувачите на законот и пропагандистите во Белорусија активно работеа со ученици, запишувајќи ги во секакви „патриотски“ клубови. Сега стигнаа до градинките.
Д. Мишев