• Latest
Рама-Заев-Вучиќ, 2019 година

Мини Шенген: На прав колосек или во слепа улица?

July 26, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мини Шенген: На прав колосек или во слепа улица?

На 28-29 јули во Скопје е најавена средба меѓу премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, за да се потврди напредокот и да се потпишат договори за т.н. Мини Шенген кои произлегуваат од обврските дефинирани на Берлинскиот Самит. Дали мотивација за овој проект е само економска или се отвораат и некои други дилеми кои се поврзани со политиката.

July 26, 2021 08:08
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Рама-Заев-Вучиќ, 2019 година

Рама-Заев-Вучиќ, 2019 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Кога во, сега далечната 1951 година, Белгија, Франција, Холандија, Италија, Западна Германија и Луксембург ја основаа Европската заедница за јаглен и челик за да им овозможат на своите граѓани слободен проток на стоки, идеи и капитал и слободно движење преку границите, малкумина предвидуваа дека на овој процес ќе се приклучат повеќето европски земји и дека оваа иницијатива подоцна ќе стане столб на единствениот европски пазар и на денешната ЕУ.

Можат ли да се повлечат паралели меѓу оваа иницијатива и договорот на тројцата регионални лидери, претседателот на Србија и премиерите на Северна Македонија и Албанија Александар Вучиќ, Зоран Заев и Еди Рама, за таканаречениот Мини Шенген на Западен Балкан, кој на граѓаните на овој регион треба да им ги обезбеди четирите слободи својствени за ЕУ – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал?

Иницијативата се вклопува во т.н. Берлински процес кој 2014 година го покрена германската канцеларка Ангела Меркел за да се поддржи стабилна и демократска иднина на Западниот Балкан и да се придвижи и унапреди регионалната соработка и да ги забрзаат нивните процеси на патот кон ЕУ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што соопшти неговиот кабинет ќе допатува во Скопје оваа недела, на 28 и 29 јули, каде што ќе се состане со премиерите на Северна Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама во рамките на иницијатива за регионална соработка позната под називот „Мини Шенген“. Во пресрет на овој економски форум, Вучиќ преку видео линк разговарал со Заев и Рама и, како што објави на Инстаграм, оваа регионална иницијатива треба да го поврзе регионот и да го подобри животот на сите негови граѓани. „Го градиме новиот економски Балкан“ – напиша Вучиќ.

НА ПАТ КОН БЛАГОСОСТОЈБАТА

Во трипартитната изјава после виртуелниот состанок на 5 јули 2021, посветен на Берлинскиот процес и заокружување на идејата за Мини Шенген, тројцата лидери се согласија:

„Свесни сме дека само со заедничка соработка и прифаќање на регионалната соработка, во рамките на разни регионални иницијативи како што се заедничкиот пазар, регионалниот Шенген, зелените коридори или Берлинскиот процес, можеме да ги приближиме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите народи и да донесеме големи инвестиции, кои би биле можни за секој од нас поединечно. На земјите од Западен Балкан им е потребно членство во Европската Унија, но и на ЕУ исто толку ѝ е потребен Западен Балкан, бидејќи регионот е опкружен со границите на ЕУ, а земјите кои се стремат кон членство имаат заеднички европски вредности“.

Германската канцеларка Ангела Меркел

Понатаму Вучиќ, Заев и Рама, изразија желба четирите европски слободи – движењето на луѓето, стоките, услугите и капиталот, да започнат да се спроведуваат што е можно побрзо низ целиот регион и се согласија да се сретнат во Скопје на 29 јули за да го разгледаат напредокот во спроведувањето на постојните иницијативи и проекти и да потпишат дополнителни договори меѓу трите земји во врска со спроведувањето на обврските од Берлинскиот процес. Во најавената соработка спаѓа и помош во случај на природни катастрофи, олеснување за трговијата, извозот и увозот.

„Како регион со приближно 18 милиони луѓе, можеме да ги зајакнеме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку го правиме тоа поединечно“ – се вели во изјавата.

Во заедничкото соопштение има и критичка нота кон ЕУ (која некои медиуми не ја пренесоа) во која се вели:

„Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ. Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак, ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка“.

Заев, Рама и Вучиќ ги повикуваат и охрабруваат колеги во регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан ќе стане важен дел од секојдневниот живот на граѓаните преку единствениот пазар. Во тој дух, тие се надеваат дека ќе се засили процесот на соработка во регионот.

ШТО ДОБИВААТ ДРЖАВИТЕ АКО УЧЕСТВУВААТ ВО „МАЛИОТ ШЕНГЕН“?

Подлабокото поврзување на државите од Западен Балкан се покрена набрзо откако Франција го блокираше почетокот на пристапните преговори со ЕУ за Албанија и Северна Македонија. Со тој потег, Франција испрати јасна порака, не само до тие земји, туку и до целиот Западен Балкан, дека перспективата за членство е неизвесна и дека таа, но и други членки на ЕУ, ќе го преиспитаат процесот на проширување и ќе бараат потешки услови. Како одговор на тоа се роди „Мини Шенген“ чија цел не е да се укинат граничните премини во регионот, туку да се олесни преминувањето на границите, воведување на 24-часовно работно време на сите инспекциски служби и обединување на документацискиот пакет потребен за транзит на стока, важење на дозволите за работа од една територија на териториите на другите држави учеснички и движење на работната сила со признавање на квалификациите.

Вообичаена глетка од балканските граници: долги колони од товарни возила.

Заеднички регионален пазар, регионален Шенген и зелени коридори имаат потенцијал да донесат опипливи резултати за граѓаните. Како регион со приближно 18 милиони жители можат да се зајакнат економиите, да се придонесе кон благосостојба на луѓето и да се донесат големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку тоа се прави поединечно. Ова се само неколку од областите за кои се преговара. Некои од идеите се во меѓувреме остварени, како што е слободното преминување на границите само со лична карта, укинување роаминг за земјите од регионот на Западен Балкан, еден граничен премин помеѓу Србија и Северна Македонија.

Со оглед на тоа што граничната соработка и борбата против корупцијата и организираниот криминал исто така се дел од Мини Шенген, би требало да се искористат сите канали за борба со овие итни проблеми на сите држави во регионот.

ИДЕЈАТА Е ПОД ЛУПА

Бизнисмените и аналитичарите со внимание го следат целиот процес од зачетокот на идејата за Мини Шенген која се роди во Нови Сад кон крајот на 2019 година и имаат различни, па и спротивставени ставови. Од отворена поддршка на оваа иницијатива до сомнежи и отворени противења со повици на внимателност.

Политичкиот аналитичар, д-р Сашо Орданоски за ЦИВИЛ МЕДИА вели:

„Економските проекти честопати се проследени и со политички интереси, најавите за економско зближување и олеснување на движењето и процедурите во регионот не се спорни, но политичките импликации од проектот предизвикуваат загриженост.“

д-р Сашо Орданоски

Според Орданоски, регионалните поврзувања никогаш не биле спорни ниту проблематични, во контекст на евро-атлантскиот правец во кој оди Северна Македонија и различни делови од регионот.

„Но треба да се пристапи со зголемена внимателност и анализа на контекстот за корисните и помалку корисните политички, економски, безбедносни и општествени последици од нив. Не треба да се пристапува еуфорично. „Моментални еуфории“ не се препорачлив начин за стабилни, долгорочни решенија од кои сите ќе имаат корист. Во меѓународните односи, економијата никогаш не оди без политика, а добро е што сите креатори на оваа идеја потенцираат дека нивната иницијатива не може да биде замена за европските интеграции“ – предупредува Орданоски.

Јована Маровиќ која е извршен директор на мрежата „Политикон”, независен истражувачки центар од Подгорица, во својата колумна под наслов „Мини Шенген: Прв чекор до Балкан без граници“ заклучува:

„Постоењето на Мал Шенген кој би опфатил само неколку држави од Западен Балкан е позитивно, но без учество на сите земји во регионот, идејата како таква е непотполна и ќе има целосна смисла, како симболична, така и суштинска, кога сите земји ќе ја прифатат. Заедничките проекти што водат кон подлабоко поврзување на Балканот, го водат регионот еден чекор поблиску до ЕУ и одат рака под рака со процесот на европска интеграција, бидејќи на тој начин се зајакнува регионалната соработка, се подобрува деловната клима, се привлекуваат странски инвестиции, се негуваат добрососедските односи. Оттаму, оваа и други слични иницијативи треба да бидат прифатени.“

Јована Маровиќ

Експертот за Балкан и соработник на Атлантскиот совет, Димитар Бечев, во разговор за ДВ, вели дека иницијативи кои се од економски карактер можат да се искористат политички.

„Мислам дека е битно да се развива регионална соработка, но можеби потесна интеграција, како што е Шенген во рамките на ЕУ, не е изводлива идеја. Може да биде препрека за интеграцијата во ЕУ која, сепак, останува главниот приоритет за овие земји. Јас би рекол дека е поважно да се работи на продлабочувањето на ЦЕФТА – бидејќи тој трговски договор не работи во полн капацитет.“

Ким Мехмети, новинар и политички аналитичар уште во зародиш ја отфрли оваа идеја и во интервју за бугарскиот портал Бгнес на неа гледа како лоша за Северна Македонија и Албанија. Тој критички вели дека „Мини Шенген е обид на Белград да ги контролира земјите од регионот“. Во таа насока упатува и критики до албанскиот премиер Еди Рама, очекувајќи од него да ја отфрли оваа идеја и да не биде со „српски ум“.

ЗА БИЗНИСОТ ОВА Е „ВЕТЕР ВО ГРБОТ“

Ванчо Орданоски, бизнисмен кој својата дејност ја шири во регионот, во изјавата за ЦИВИЛ МЕДИА, вели дека апсолутно ја поддржува оваа идеја.

„Гледајќи од економски аспект, бенефитите кои може да ги има Македонија со отворање на големи регионални пазари со скоро 20 милиони потрошувачи, влегување во ваква унија не треба да предизвикува страв и треба да се поддржи. Земјите од Западен Балкан имаат тешкотии во економската соработка. Царини, лоша инфраструктура и тензии меѓу соседите, само го кочат пазарот. Тоа треба да се промени. На многу гранични премини се заглавени камиони кога носат производи од конкурентска држава, некогаш и со денови. Царини и административни препреки ги одвојуваат малите пазари од соседите. И за приватни лица, особено во летните месеци, патувањата се како трка со пречки. Промена е страшното зборче“ – вели Ванчо Орданоски.

Ванчо Орданоски

Според него, фрагментирање на пазарот носи само штета. Примарен е бизнисот и нема зошто да се гледа политика во тоа.

„Во трката кон ЕУ балканските земји постојано се кочеа една со друга. Сега се чини дека сакаат рака под рака да чекорат напред. Нам примарен ни е бизнисот, а не политиката, така што ни јас, ни моите колеги во Србија, каде што имам контакти, не гледаме од оваа идеја опасност од политички последици. Можеби ова е и добар одговор на ЕУ која овој регион на некој начин го сегрегира. Пренагласена употреба и потенцирање на регионот како Западен Балкан пежоративно, како нешто што заостанува, што е неразвиено, недоветно за ЕУ, е навредливо и вакви иницијативи можат да бидат добар одговор и опомена на ЕУ да не нѐ дисквалификува од европските процеси. Нема претприемачи ни од Северна Македонија, ни од Србија, ни од Албанија, на кои политиката им е примарна, ние во оваа иницијатива гледаме економски и бизнис интереси“ – истакнува Ванчо Орданоски.

Д-р Елена Милевска Штрбевска, во неделниот коментар „Мал Шенген – за и против?“, објавен на веб страницата на Стопанска комора на Северна Македонија на 8 ноември 2019, пишува дека на овие простори „рак-рана“ за бизнисот се бавниот проток на стоки и услуги преку границите, административните бариери за трговска размена кои, и покрај постојаните напори, сѐ уште постојат, недостатокот на работна сила по мерка на бизнисот, и уште многу други предизвици поврзани со потребата од унапредување на граничната инфраструктура, признавање на придружната документација за производите, взаемно признавање на професионалните квалификации, поедноставени постапки за работни и дозволи за престој…

Во таа насока, логично и очекувано е бизнисот да ги поддржи сите иницијативи од овој тип. Со унапредување на регионалната соработка ќе дојде до намалување на невработеноста, зголемување на конкурентноста, па дури и раст на странските инвестиции. Од аспект на бизнисот, навистина звучи мошне атрактивно просторот на Западниот Балкан да се уреди како заеднички пазар и единствена инвестициска дестинација, со хармонизирани прописи и поедноставени процедури.

Проценките на Светската банка и на ММФ укажуваат дека регионалната интеграција ќе доведе до економски развој, кој може да изнесува најмалку три до четири проценти повеќе следната година. Според Светската банка, камионите поминуваат приближно 26 милиони часови годишно на граничните премини на Западен Балкан. Овој потег ќе собере приближно 20 милиони луѓе на заеднички и обединет пазар, преку подобрување на животниот стандард низ целиот регион, обезбедување можности за граѓаните и подготовка на целиот регион за членство во ЕУ и за подобро утре.

Постојат и некои дилеми. На пример, дали и останатите земји од Западен Балкан и нивните лидери се подготвени, со сиот свој потенцијал и капацитет, да влезат во овој проект, без било какви политички калкулации колку се тие понапред или поназад во преговорите со ЕУ? Дали се тие со исти или различни определби во однос на прашањето за евроатланските интеграции? Дали ова е само едно „замаглување на видиците“ за да се создаде впечаток дека сите ние овде не седиме со скрстени раце, туку работиме на економска интеграција на регионот и веруваме дека тоа ќе биде и финансиски поддржано од Запад, како еден вид предворје пред пристапувањето во ЕУ? Во таа насока, иницијативите од типот на Мини Шенген можеби е добро да се перципираат како корисни алатки кои ќе докажат дека ѝ даваме приоритет на економијата, наспроти политиката, како единствен кохезионен фактор на овие простори.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во изјава за Танјуг порача дека „идејата треба веднаш да се реализира, во било кој формат, било кога и било каде“.

И Петар Гошев, поранешниот македонски министер за финансии и гувернер на Народната банка, гледа позитивно на предлогот.

„Енергетскиот и транспортниот сектор се многу важни. Забрзувањето на протокот на стоки, намалените трошоци и отстранувањето на пречките би користеле за подобар економски развој на регионот“, вели Гошев.

Тројцата промотори на идејата уверуваат дека не се работи на создавање на нова Југославија, ниту на Голема Албанија, туку се прави обид да се развие регионалната соработка.

„Тука нема никакви Југославии, тука има само подобар живот на нашите граѓани. Можеби некој ќе се обиде ова да ни го уништи, но тоа секако е иднината“ – рече српскиот претседател Вучиќ.

Доколку се реализира целосно, планот ќе овозможи отстранување на сите пречки за слободно движење на луѓе и капитал во регионот.

„Албанија и Косово нема да ја поддржат оваа иницијатива, а сигурен сум дека и С. Македонија нема да прифати парцијални решенија“, изјави директорот на Балканската истражувачка група од Приштина, Наим Рашити, за ДВ во анализата објавена на 1 октомври 2019.

Тој смета дека Србија има сосема поинаква мотивација при промоцијата на вакви проекти и истите ги сублимира во три точки: „За да доминира на пазарот и во политиката, да ги намали разликите и политичките спорови и да избегне решавање на билатералните спорови, како и соработката со Косово.“

Берлински процес, Париз, 2016

ШТО Е БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС?

Берлински процес е иницијатива која ја покрена германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година со цел да се поддржи мирна и стабилна иднина на Западен Балкан и да се унапреди регионалната соработка во регионот.

Конкретните резултати се веќе видливи, укинат е надоместот за роаминг меѓу земјите во регионот на Западен Балкан, проширена е сообраќајната и енергетската инфраструктура и нејзиното поврзување со коридорите на ЕУ, основана е Регионална канцеларија за млади (RYCO).

Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западен Балкан од октомври минатата година предвидува искористување на девет милијарди евра од средствата на Инструментите на ЕУ за претпристапната помош (ИПА), со гаранции дека ќе се резервираат уште 20 милијарди евра од приватниот сектор, европските и меѓународните финансиски институции.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ