ВЕСТ НА ДЕНОТ
Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари
Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објавија владините претставници предводени од премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, по денешната седница на Економско Социјалниот Совет на која точка на дневниот ред беше утврдувањето на новиот износ на минимална плата.
„Како што ветивме, денеска така и го исполнуваме ветеното. Почнувајќи од април минималната плата ќе биде поголема за 2.175 денари, од 18.000 ќе се зголеми на 20.175 денари. Секој работник од следниот месец ќе ја земе оваа плата како минимална“, истакна Ковачевски.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Барањето на претседателот Пендаровски за извинување за улогата на Бугарија во депортацијата на македонските Евреи го сметам за сосема нормално и верувам дека тоа е она што повеќето Бугари го мислат. Во Бугарија, всушност, немаше ‘насилни реакции’ против ова барање. Колку што има вакви реакции, тие се поврзани со се поголемата општа иритација во Бугарија дека РСМ не сака да оди по патот на францускиот предлог“, порачува аналитичарот и адвокат по професија, Лазарин Лазаров, за „Локално“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕКОНОМИЈА Банката „Силиконска долина“ е отворена пред четири децении во срцето на регионот познат по својата технолошка сила и паметно одлучување. Оваа банка со седиште во Калифорнија прерасна во 16-та најголема банка во САД, која ги опслужува финансиските потреби на технолошките компании ширум светот, пред серијата несреќни инвестициски одлуки да доведат до нејзин колапс, пишува „Гардијан“.
КРИЗА Молдавија станува една од главните теми во ЕУ по избувнувањето на немирите кои ги организираа проруски инсталации во таа земја која сместена меѓу Романија и Украина има значајна геополитичка улога. Молдавската влада вчера соопшти дека уапсила седум лица обвинети за поттикнување немири за време на антивладините протести.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Дирекцијата за одбрана на Луксембург во саботата објави дека четиринаесет оклопни амбулантни возила ќе бидат испорачани за да им помогнат на украинските воени напори, пренесува РТЛ Тудеј. Донацијата е направена со помош на непрофитната организација LUkraine и нејзината кампања „Украина се јавува“.
*
Група Русинки апелираа до Владимир Путин да престане да ги испраќа нивните сопрузи и деца на линијата на фронтот во Украина како „топовско месо“ без соодветна обука, пренесува Телеграф.
СЛОБОДНА ЗОНА
На 12 март се навршија 20 години од убиството на тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ. Лидер за кого тогашната десница тврдеше дека „ако не биде убиен премиерот, ќе умре Србија“, а тој тоа го знаеше. „Ако овие дојдат, нема да дојдат да нè апсат“ – им кажал тој на соработниците.
Гледам, на една тркалезна маса деновиве, како еден аналитичар и негов соборец кажуваат дека т.н. Земунски клан не може да биде виновен за убиството, пишува Љубомир Костовски во блицот насловен Ѓинѓиќ.

На Украина сега ѝ се потребни како средства за воздушна и ракетна одбрана, оружје со долг дострел и артилерија со долг дострел, така и безбедносни гаранции, како за држава чии граѓани секој ден ја запираат руската воена машина по цена на својот живот.
За Украина и за заедничката европска безбедност, на претстојниот Самит на Алијансата треба да се разгледаат механизмите кои би обезбедиле членство на Украина во НАТО. Исто така, за Украина од витално значење е започнување година на процесот на преговори за членство на Украина во ЕУ во 2023 година, пишува Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, во колумната „Самитот на НАТО во Вилнус и безбедносни гаранции за Украина – шанса за стабилен мир“.
Д. Муратов












