ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На 12 март се навршија 20 години од убиството на тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ. Лидер за кого тогашната десница тврдеше дека „ако не биде убиен премиерот, ќе умре Србија“, а тој тоа го знаеше. „Ако овие дојдат, нема да дојдат да нè апсат“ – им кажал тој на соработниците.
Гледам, на една тркалезна маса деновиве, како еден аналитичар и негов соборец кажуваат дека т.н. Земунски клан не може да биде виновен за убиството.
Кои се нарачателите? Па се гледа од судењето дека тоа е некој кој го контролира судењето! Братот на главниот судија е однесен во затвор на првиот ден на судењето и задржан е три години зад решетки. Пуштен е тогаш кога судијата си поднел оставка. На стартот е сменет главниот обвинител, а по извесно време сменет е и вториот обвинител, кој го заменил…
Морам да речам дека кај нас десницата, членовите на ВМРО-ДПМНЕ ликуваа за тоа убиство (!), што е само доказ дека многумина од оваа партија, едноставно, размислуваа како равногорци!
Ова посебно го помнам, бидејќи на денот на атентатот почина мојата мајка. Денот на погребот, пак, се претвори во ден на гласни коментари во форматот „така му треба“.
Па засега толку…