• Latest
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА СУДСТВО

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026 19:33
in ПОЛИТИКА, СУДСТВО, ТОП 5
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Share on FacebookShare on Twitter

Каде точно е криминалот во случајот „Мазут“ останува нејасно, оценуваат дел од правните експерти. Таков став изнесе и професорот Гордан Калајџиев во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24, каде нагласи дека во јавноста не биле презентирани докази за случајот. Истовремено, според него, речиси никој не зборува за одговорноста за последиците што ги претрпеле осомничените, кои една година биле под различни мерки, а нивниот углед бил доведен во прашање.

„Од она што е достапно во јавноста не може да се види каде е направен криминал и корупција, а тоа го покажа и одлуката на Обвинителството. Имаме ситуација каде што Обвинителството ставило луѓе во притвор, ги држело под мерки цела година, имало мерки и за фирмите, претпоставувам, а никој не прашува кој ќе одговара за тоа што биле малтретирани и што им било нарушено доброто име. Наместо тоа, сите го обвинуваат јавниот обвинител затоа што е запрена истрагата. Од каде право на тие што коментираат да го тврдат тоа?“, вели Калајџиев.

Републичкиот  јавен обвинител Ненад Савески оцени дека од професионален аспект е далеку подобро постапката да се затвори навреме поради недостиг на докази, отколку да се форсира обвинение кое подоцна би резултирало со ослободителна пресуда.

„Подобро е истрагата да се запре отколку да се поднесе обвинение што подоцна би завршило со ослободителни пресуди“, дециден е Савески.

Официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино покажуваат дека во периодот што беше предмет на истрагата редовно се вршеле мерења и контроли на квалитетот на воздухот. Иако во јавноста се пласираа тврдења за „труење“ и „загадување“, според извештаите не било регистрирано загадување што потекнувало од ТЕЦ Неготино.

Во јавноста се отвори и дилемата дали увезениот мазут содржел штетни хемиски материи. Според ОЈО ГОКК, освен што не било утврдено дека осомничените ги сториле делата што им се ставале на товар, не било констатирано ниту друго кривично дело што би се гонело по службена должност.

Се поставува и дополнително прашање. Доколку загадувањето во Неготино било резултат на употребата на мазут, тогаш како може Скопје да биде меѓу најзагадените градови во светот кога таму не се користи мазут?

Според правилата што произлегуваат од лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика врши месечни контроли за набавките и продажбите на компаниите кои поседуваат лиценци. Податоците покажуваат дека Скопје никогаш не било загадено поради мазут, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО функционира на природен гас. Сепак, и покрај тоа, главниот град редовно е рангиран меѓу петте најзагадени градови во светот, особено во текот на зимата.

Според голем број анализи и истражувања, најголем дел од загадувањето произлегува од дивите депонии и неправилното управување со отпадот. Дури и дел од депониите кои функционираат законски не се третираат според современите стандарди што се применуваат во други земји. Дивите депонии често се палат, превентивните активности се недоволни, а изостануваат и инвестиции во постројки за преработка на отпад по принципот „waste to energy“, какви што функционираат во повеќето европски метрополи.

Воедно, мазутот не е гориво што се користи само во Македонија. Тој се употребува и во Германија, Франција, Швајцарија и други развиени европски држави кои имаат високи стандарди во областа на заштитата на животната средина.

Според извештаите на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година, кој е опфатен со истрагата, ТЕЦ Неготино беше повторно ставена во функција по повеќегодишен застој за време на енергетската криза. Централата оствари значителна добивка, а во 2022 година беше забележан рекорден профит од околу 2,25 милијарди денари или приближно 36,5 милиони евра. Причина за тоа беше зголеменото производство на електрична енергија за регулираниот пазар.

Анализите на професори од ФЕИТ покажуваат дека увозот на електрична енергија во периодот што е предмет на истрагата би чинел околу 880 милиони евра, додека набавката на мазутот изнесувала 167 милиони евра.

На крајот останува прашањето што го постави професорот Калајџиев: Кој ќе ја надомести штетата по угледот на осомничените и времето што тие го поминале во ефективен или куќен притвор?

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ