• Latest
Креирано со помош на ВИ

Министерот Филков нервозен: Со навреди кон пратениците и без одговор за екстрадицијата, го прогласи бегалецот Груевски за „политички азилант“

November 28, 2025

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Министерот Филков нервозен: Со навреди кон пратениците и без одговор за екстрадицијата, го прогласи бегалецот Груевски за „политички азилант“

November 28, 2025 11:52
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Настапот на министерот за правда Игор Филков на вчерашната сесија со пратенички прашања, кое слободно може да се оцени како скандалозно, уште еднаш демонстрираше дека министерот има недостаток од основна парламентарна култура, додека губејќи ја самоконтролата, наместо одговор, тој им понуди на пратениците и на јавноста (од чии пари всушност зема плата) нова рунда недолично однесување, својтвено за претставниците на власта во парламентот.

Филков, одговарајќи на прашањето на пратеникот на СДСМ, Миле Талески, ги нарече пратениците „шарлатани“ и ги обвини дека „се занимаваат со циркус наместо со работа“. Речник недостоен за институцијата што ја претставува – а уште помалку за функцијата која е задолжена за основниот столб на државата: правдата.

На поставеното прашање од Талевски: Дали Министерството за правда има поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски?, Филков видно растревожен, не само што избегна да даде директен одговор, туку го прогласи Груевски – бегалецот од правдата по кого е распишана меѓународна потерница – за „политички азилант“. На тој начин, си најде алиби зошто не е обновено годишното барање за екстрадиција, кое според меѓународните стандарди е обврска на секоја држава што бара правда за осудено или обвинето лице.

„Секогаш кога ќе бидат создадени услови, министерството ќе си ги бара своите граѓани“, изјави Филков, додавајќи дека министерството ги бара „сите бегалци“, но дека Груевски „спаѓа во групата политички азиланти“.

Со ова министерот индиректно потврди дека барањето за екстрадиција – не е обновено.

Филков всушност само го повтори ставот што веќе го има кажано во интервју за неделникот „Фокус“ од 23 август 2025 година:

„Барање за екстрадиција немаме поднесено затоа што би било беспредметно. Унгарија му даде азил и нивниот закон не дозволува предавање.“

Она што упорно го избегнува министерот е суштината, дека Северна Македонија е должна да постапува согласно сопствените закони и сопствените пресуди, а не да се крие зад политичките одлуки на друга држава.

За македонскиот правен систем, Никола Груевски останува бегалец од правдата. И тоа не е променето.

Обраќајќи му се на Талевски, Филков се обиде да  поентира велејќи дека сегашното „министерство за правда нема ништо заедничко со тоа министерство што го имавте вие во вашето време кога заедно со Артан Груби и Али Ахмети договаравте кој каде ќе избега“, но се чини дека притоа заборави дека Артан Груби избега од земјава кога министер за правда беше токму Филков. Иако и по него е  распишана меѓународна потерница, истиот сé уште не е екстрадиран во земјава, а се чини дека министерството со кое раководи Филков досега го нема точно лоцирано местото каде што престојува поранешниот вицепремиер.

Пратеникот Миле Талески образложи дека прашањето го поставил затоа што во јавноста – но и во политичките кругови – се интензивираат информации дека структурите во Владата и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за враќање на Груевски во Македонија и негова амнестија.

„До мене стигнаа информации од свиркачи блиски до актуелната влада, кои алармираат дека постои план, сценарио за создавање клима во која бегалецот од правдата би се вратил во земјата“, предупреди Талески.

Тој додаде дека таквите информации не смеат да се игнорираат, особено ако постои политичка волја да се релативизираат судските постапки и да се амортизираат одговорностите.

„Моја должност пред граѓаните е јавно да добијам директен и точен одговор: дали Министерството за правда поднело ново барање за екстрадиција на Никола Груевски?“, нагласи Талески.

Но наместо отчетност, транспарентност и почит кон парламентот – министерот возврати со навреди, политички квалификации и повторување на веќе слушнати изговори.

Можеби до некаде ваквото однесување и прикажаната нервоза на министерот Филков имаат оправдување, земајќи ги предвид информациите кои се појавија во јавноста дека премиерот подготвува реконструкција на Владата, а токму министерот Филков е еден од неколкумината кој наскоро ќе останат без министерска фотелја.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Tags: екстрадиција на Груевскиминистер за правда Игор Филковпратенички прашањаскандалозно однесување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ