• Latest

Министерот Спасовски на завршната обука за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал

April 19, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерот Спасовски на завршната обука за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал

April 19, 2022 11:22
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од МВР соопштуваат дека  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп, државната секретарка во МВР, а воедно и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, јавната обвинителка Гордана Смаќоска, како и шефицата на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Соња Божиновска Петрушевска, денеска учествуваа на завршната обука за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал, како дел од серијата од осум обуки што беа спроведени во рамки на проектот „Поддршка на националните капацитет во борбата против криумчарењето мигранти и други видови транснационален организиран крминал во Република Северна Македонија”, финансиран од Кралството Холандија, а имплементиран од страна на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во Република Северна Македонија.

„Борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти е поставена високо на агендата во нашата држава и тоа преку воспоставени институционални структури за нејзино успешно сузбивање и механизми, како и за поефикасно справување со последиците кои произлегуваат од овие кривични дела. Овде, несомнено морам да ја споменам и помошта што ја добиваме од нашите партнери, со чијашто поддршка успеваме да надминеме голем дел од препреките и предизвиците кои криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе ги носат со себе и од нив да излеземе поцврсти во определбата за натамошен развој на нови механизми за заштита и помош”, рече министерот Спасовски во своето воведно обраќање.

Министерот Спасовски истакна дека од исклучително значење е оваа континуирана поддршка што Меѓународната организација за миграции – ИОМ во Република Северна Македонија ја обезбедува во насока на зајакнување на капацитетите за справување со последиците од миграциската криза – со поддршката и во делот на воспоставување на Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, па сѐ до помошта за јакнење на капацитетите на оваа меѓуинституционална единица, ИОМ низ годините наназад останува постојан стратешки партнер.

Спасовски нагласи дека придонесот и резултатите на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе изминативе четири години ја оправдаа довербата, а акцентот при самото формирање беше ставен на јакнење на меѓуинституционалната соработка, која како форма на делување е повеќе од потребна за ефективно сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски потенцираше дека и денешнава завршна обука, во форма на студија на случај/симулација во живо, ќе им овозможи на учесниците унапредување на вештините и знаењето, како и нивна примена во пракса, со цел успешно справување со транснационалниот организиран криминал, а особено криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе.

На завршниот настан на обуката за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал свое обраќање имаше и државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска, која ја истакна потребата од континуирано одржување на ваков тип на обуки, кои преку вежби засновани на симулација на случаи имаат за цел градење на капацитети и зајакнување на вештините на практичарите за ефективно истражување и гонење на случаите, како и навремено идентификување на тргуваните лица, долж миграциските рути, преку промовирање на мултисекторки пристап заснован на човековите права.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ