• Latest

Министерство за правда: Законот за Јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

March 13, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерство за правда: Законот за Јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

March 13, 2019 15:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за Јавното обвинителство е еден од клучните закони преку кој ќе се цени спремноста на нашата држава да создаде правна основа за сериозна борба против криминалот и корупцијата, велат од Министерството за правда.

Во нивното соопштение се вели дека донесувањето на законот ќе биде еден од најважните критериуми за донесување на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, но и дел од реформите и стратегијата за правосудниот сектор 2017 – 2022 година, заради чие исполнување министерството  април 2018 година, отвори процес на подготовка на Законот за Јавното обвинителство.

„Свесни сме дека Законот за Јавното обвинителство допира различни, спротивставени интереси, и тоа можеше да се види не само во рамките на работната група, туку и во коментарите на пошироката јавност, како од експерти, новинари, претставници на невладини организации, така и од претставници на политичките партии“, велат од Министерството за правда.

Исто така, од таму додаваат дека  користењето на “бомбите“ е едно од прашањата што е посебен предизвик за постигнување согласност од 2/3 од пратениците во Собранието. Објаснувањето на дилемата за нивното вклучување или исклучување на „бомбите“ е дека на прашањето дали исклучувањето на користењето на аудио материјалите во постапките може да го наруши процесот на докажување на вина во судските постапки, превагнал ставот дека нивното користење само како индиции нема да наштети на постапките кои ги води СЈО, а значајно беше да се зачува валидноста на материјалните докази прибрани досега врз основа на аудио материјалите.

„На крајот, ги повикуваме сите кои можат да понудат подобри решенија за измени и дополнувања на законот, истите да ги испратат до Министерството за правда во најскор можен рок, со цел да може да се интервенира за подобрување на текстот во текот на постапката во Собранието. Би било корисно, сите забелешки да бидат придружени со конкретни предлози за подобрување на текстот.

Потсетуваме уште еднаш дека услов за отворање на преговори со Европската унија е носење на Законот за Јавното обвинителство во кој СЈО ќе добие основ за трајно постоење во правниот систем на нашата држава, продолжување на постапките кои истото ги води – закон без скриена амнестија“, велат од Министерството за правда.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ