• Latest

Мицкоски бара оставка на Владата и експертска влада до локалните

February 23, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски бара оставка на Владата и експертска влада до локалните

February 23, 2021 13:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара оставка на Владата, по бегството на нивниот поранешен функционер обвинет во неколку случаи и поранешен прв човек на УБК Сашо Мијалков. Според Мицкоски, потребна е оставка на Владата и формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и парламентарни избори, како што рече, влада која ќе подготви фер, слободни и кредибилни избори.

-Не е доволна оставка на Спасовски, рече Мицкоски, кој смета дека наместо да се докажуваат со обвинителката Вилма Рускоска, министерот за внатрешни работи требало веднаш вчера да депонира оставка, а денеска тоа да го направи и премиерот Зоран Заев. Бидејќи не очекува оставка од Спасовски најави интерпелација, но исто така и го повика да си поднесе оставка.

Мицкоски ги повика пратениците, без разлика дали се од опозицијата или од коалицијата со владејачката СДСМ предводена од премиерот Зоран Заев или од македонскиот или албанскиот блок, да поддржат недоверба на Владата.

-Да ја собориме оваа Влада и потоа да одговараат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги повика пратениците на, како што кажа, чест и честитост и да застанат рамо до рамо со граѓаните кои, според Мицкоски, веќе немаат доверба во оваа Влада и обвини дека државата веќе е во политичка криза.

Опозициската партија, како што кажа, ова не го прави за моќ или за власт, туку за иднината на оние кои живеат тука и децата.

Мицкоски на прес-конференцијата обвини дека „од вчера сме најкорумпирана држава во светот и оти со неа управуваат премиерот Зоран Заев, неговиот брат Вице Заев и нивниот поранешен сопартиец Сашо Мијалков“, на кого, како што кажа, „му дозволија да избега со милионите“. Ги спомена и иницијаторите за вонреден конгрес на неговата партија, посочувајќи дека „тие се криминалци кои се соединиле со нив“.

-Дозволија да им избега пред очи затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Сите на купче без институциите кои ги заробија се обични кукавици. Кога ја нацртав линијата во ВМРО-ДПМНЕ дека компромис со криминалот не правам, тие што се така научени веднаш се соединија со тие што прават криминал. Затоа најдобар пријател на Зоран Заев станаа т.н. иницијатори. Доброто е што се собраа сите на купче, лошо што хараат во државата и пљачкосуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече во изминатите четири години трпел медиумски напади и му упати порака на премиерот и лидер на СДСМ Заев.

-Заев тоа купче на уценувачи уценувани чиј што лидер си ти и кое ти вршеше работа за пресметки во ВМРО-ДПМНЕ, за креирање на вештачки раскол, за наводно слабеење на опозоцијата, а за возврат му даваше поддршка и му ветуваше да не се соочи со правдата стана сега твој тег на ногата, твој срам и твоја работа. Денес те потонува во калта и тебе и твојата власт и за жал што е најголема жал и трагедија ја тоне Македонија, рече Мицкоски.

Обвини дека постои договор, но исто така рече дека целиот народ очекува детално објаснување од сите надлежни институции, обвинителството, судот и МВР за бегството на Мијалков.

-Одговорност мора да има бидејќи граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди, рече Мицкоски обвинувајќи ја Владата дека „не можела навреме вакцини да набави, дека не може кредибилен попис да спроведе, да направи реформи во образованиетоо, ја втурнале државата во рецесија, Собранието не може да одржи седница бидејќи нема мнозинство“. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ