„Местото на оваа мала земја е во Европската Унија, но не по секоја цена“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Тој го повика Европскиот совет уште на следната седница да испрати заклучок дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, јазик и култура, а источниот сосед да покаже европска зрелост и да ги почитува пресудите од Меѓународниот суд за човекови права.
Мораме да испратиме јасна политичка порака – ДА за Европската унија, НЕ за билатерални услови и ДА за гаранции од страна на Европскиот совет, којшто ако навистина сака да ја види оваа мала земја како дел од Европа, мора да испрати заклучок уште на следниот Европски совет во којшто јасно ќе кажат дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, со македонскиот јазик кодофициран пред 80 години и со повеќевековната култура и традиција. И да кажат нема повеќе вето и препреки поради билатералните прашања. А, нашиот источен сосед мора да покаже европска зрелост и вистински европски вредности и да го почитува меѓународното право кое вели дека пресудите од Судот за човекови права треба да се спроведат и конечно македонскиот народ во Западна Бугарија да го добие тоа што одамна и припаѓа, а тоа е да успеат да се здружат во заедница, а потоа да номинираат свој претставник во министерскиот совет за малцински права во бугарската Влада. Тоа се црвените линии“, истакна Мицкоски.