• Latest
Фотографија: Влада на Република Северна Македонија

Мицкоски може, а родителите не можат да ги посетат пациентите

March 18, 2025

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски може, а родителите не можат да ги посетат пациентите

March 18, 2025 16:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: Влада на Република Северна Македонија

Фотографија: Влада на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски вчера и денес беше во посета на пациентите кои се згрижени во болниците во Скопје, а кои настрадаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ова може да изгледа како емпатична постапка и грижа за повредениет на човекот кој има најголем власт во државата, доколку во исто време, на блиските на настраданите не им се дозволени посети, според известувањето на медиумите. Дополнително, на Инстаграм профилот на премиерот Мицкоски вчера беа проследени фотографии на кои што се гледа дека освен заштитни маски (и тоа не од сите присутни), при посетата не се водело сметка за дополнителна заштита, како заштитни мантили, заштитни каљачи (што се ставаат на чевлите), заштитни капи, ракавици и слично. А таква опрема е исклучително важна при посета на повредени кои имаат рани од изгореници, пишува Независен.мк.

На една од фотографиите дистрибуирани од прес-службата на владата во огледало се гледа човек како ги фотографира со мобилен телефон премиерот и придружбата и тој воопшто нема заштитна маска. Дали тој бил од безбедносниот круг на премиерот или од болничките служби не е јасно. Но јасно е дека тоа е драстично прекршување на правилата за вакви ситуации.

Дали овие посети се во функција на грижа на пациентите, или пак, за партиски пи-ар, беа дел од прашањата кои денес на оваа тема му ги упати уредникот на ТВ Телма, Боби Христов, на премиерот Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“. Еве како се одвиваше конверзацијата:

Дали денеска посетивте пациенти и според кои протоколи е тоа дозволено и дали има последици врз здравјето на пациентите, со оглед на тоа што не е дозволена посета ниту на семејствата? Премиере, дали сметате дека е тоа примерно, емпатично или злоупотреба на несреќата за ПР цели?

Во текот на вчерашниот ден посетив пациенти, во текот на денешниот ден исто така посетив пациенти внимавајќи…

Дали имавте согласност од пациентите за посета согласно Законот за заштита на пациентите, бидејќи директорот рече дека се тоа специфични процедури?

Ќе ви дадам сега одговор. И вчерашниот и денешниот ден посетив пациенти и вчерашниот и денешниот ден ги запазив сите оние протоколи кои што ни беа апсолутно побарани од страна на медицинскиот персонал од страна на докторите и тн… И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема никогаш да видите лице ниту пак да слушнете и да прочитате име на пациент кој што јас сум го посетил…

При вашето влегување носевте само маска и дали сметате дека е тоа коректно?

Ќе ги погледате денеска сите слики и ќе видите како јас сум влегол. Да, има и такви кои што влегуваа со камери и слично (алузија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заб.), но како што видовте вие и вчера и денеска јас никаде не влегов со камери ниту имам намера да правам ПР од сето ова…

Имате фотографии на Инстаграм…

Едноставно мојата цел… да, во тил, фотографиите се во тил, никаде нема лице на ниту еден пациент ниту пак ќе си дозволам. Многу внимателно ги биравме фотографиите за да нема ниту едно лице, ниту пак, за да било што направиме. Инаку, ќе ви дадам и на тоа одговор, не го правам тоа поради ПР, го правам тоа за да излезам пред вас, за да не се кријам и да зборувам отвоорено со кое што се соочуваме и сето она кое што го постапуваме. Ако тоа е проблем, а не мислам дека вашите колеги ќе се сложат со вас, тогаш подготвен сум да сносам одговорност. Мојата задача како прв човек на Владата, е да преку вас медиумите се обратам до граѓаните со пораки и тие пораки ценам дека во овој момент се важни за граѓаните. И тоа е мојата цел, не е мојата цел никаков ПР да правам. Не мора да објавувате како медиум ништо од ова што го зборувам, не мора да објавувате ниту една слика, ниту еден статус, тоа е ваш избор. Но, оставете ги вашите колеги да си ја вршат нивната работа и оставете ме мене да си ја вршам мојата работа.

Малку подоцна, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, исто така во разговор со уредникот Боби Христов тврдеше дека и тој и другите носеле заштитни мантили и други средства за влез кај повредените. Фотографиите објавени од прес-службата на Владата покажуваат дека сите се во костуми, вклучувајќи го и Клековски. Единствената заштита што ја носат е маска. Клековски тврдеше дека самиот тој носел заштитен костум, но фотографиите кои го покажуваат спротивното му ги покажа Христов, а директорот немаше соодветен одговор. 

извор: Независен.мк

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ