• Latest

Мицкоски негира дека има селективна истрагата за трагедијата во Кочани: Ако jaвниот обвинител одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам

April 24, 2025

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски негира дека има селективна истрагата за трагедијата во Кочани: Ако jaвниот обвинител одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам

April 24, 2025 13:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние како извршна власт ќе постапуваме по налог на Јавното обвинителството, а во координација со судот. Истрагата ја води јавниот обвинител, не јас. Јавното обвинителството, заедно со судот одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени, и дали треба да се приведуваат високи владини функционери, порача денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничкото прашање до каде е истрагата за трагичниот настан во Кочани.

На денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, упати прашање до Мицкоски, кое се однесуваше на трагедијата во Кочани. Тој постави прашање до каде е истрагата и дали ќе има морална одговорност во однос на трагедијата која однесе 62 млади животи и над 100 повредени.

-После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема. Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност. Моето прашање е дали свесното и тенденциозно разводнување на истрагата е со цел да се попречи правдата и да се заштитат актуелни функционери кои се директно виновни за непосредните причини за пожарот, рече Трајчулески.

Премиерот Мицкоски одговори дека истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител, а не Владата.

-За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори. Граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија политичка кариера продолжува и во каков формат ќе продолжи. Истрагата ја води јавниот обвинител. Не јас, и не Владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат во истиот момент. Ако јавниот обвинител одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам, рече Мицкоски.

Како што додаде, не знае кои лица ќе бидат опфатени во истрагата, тоа е прашање кое треба да се постави до јавниот обвинител.

-Вкупно 68 лица досега се опфатени во истрагата, од страна на јавниот обвинител. За разлика од Модуларната болница, кога гореа живи луѓе, Ласкарци, Беса транс, каде што починаа 75 наши сограѓани. Тогаш имаше нула обвинети. Дали ќе останат 68 или ќе бидат 168 не знам, тоа ќе го каже Обвинителството, не јас. Не кажувам јас, не кажува министерот за внатрешни работи. Обвинителството, заедно со судот, одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени. Ако обвинител каже дека треба да апси и приведува високи владини функционери од оваа Влада, ќе се слушне тоа. На крајот од денот, еден член на Владата е во притвор. Во ваше време, тоа беше невозможна мисија, додаде Мицкоски.

Тој напомена дека постапуваат истите оние обвинители и судии кои се бирани од СДСМ.

-Во однос на тоа е должен да знае дали локалот има лиценца или не, тоа треба да го знае органот кој што го издава, поточно Министерството за економија. Имале лиценца, но тоа што не била легална е друго, како што не биле важечки и легални други лиценци издавани од овој орган. Околу постапувањето по налог на Обвинителството и судот, актуелен градоначалник е во притвор. Кога зборуваме за морал, етика и водење на истраги и постапување на истие, најмалку вие имате право да зборувате. Треба да ги оставиме семејствата и родителите, затоа што кај нив болката и тагата е огромна, напомена Мицкоски.

Фото: принтскрин

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ