• Latest
Фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставните измени

September 22, 2023

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставните измени

September 22, 2023 21:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата останува на „заедничкиот и принципиелен став дека уставни измени под бугарски диктат нема да има,“ вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Нема да се случат уставните измени. Ниту еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се виде на седницата на 18 август, кога 44 пратеници гласаа против дневниот ред. Тоа јасно покажува дека немаат двотретинско мнозинство, затоа што ако беа сигурни дека имаат макар и еден, тие ќе одеа до крај на таа собраниска седница, претпоставувам ќе пропаднеше и после тоа хорски ќе бараа оставка на Христијан Мицкоски. И Мицкоски е проблем, затоа што тој не се договара со политички криминалци и разно разни кланови, ниту за политички амнестии, ниту за политички криминали, ниту за тендери затоа што имаме принципиелен став, истакна вечерва Мицкоски во интервју за телевизија „Алсат М“.

Според него, уставните измени се најпонижувачкиот дел за земјата и затоа не ги поддржуваат.

– Мислам дека тоа што не ги гласаме тие уставни измени и мислиме добро на Македонија, затоа што ако се случеше такво нешто, тогаш ќе беше лошо за Македонија бидејќи ги слушате пораките што доаѓаат од Софија, па дури и од денешната новоизбрана еврокомесарка која што јасно кажа кои се обврските на Македонија содржани и во протоколите. А, во протоколите се содржани сериозни обврски кои што имаат јасна цел, а тоа е асимилација на македонскиот народ, рече Мицкоски.

Говорејќи за јавните препукувања со поранешниот лидер на партијата, Мицковски вели дека тоа што имал да го каже за „оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски“ го кажал јавно. Притоа потенцираше дека тоа што го објавил се должи на, како што вели, една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат и до него и до ВМРО-ДПМНЕ.

– Суштината е што е тоа што го натерало Груевски да оди на тие тајни средби во минатото и што е тоа што го натерало да влезе и биде дел од оваа оска која ја предводи Али Ахмети, структура од СДС и Никола Груевски. Што е тоа кое денеска толку го фрустрира и мора да ги пишува тие статуси со многу омраза и гнев? Мојата порака е нека е жив и здрав и втората моја порака е „не им правете на луѓето тоа што не сакате луѓето вам да ви прават“, рече Мицкоски.

Прашан за денешната средба со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Мицковски рече дека се работи за редовна средба со драг пријател.

– Ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката, туку треба да се каже дека никој не е заборавен, рече Мицковски, додавајќи дека Јанкуловска е жртва на, како што вели, политички прогон и тортура.

Tags: Alsat-MинтервјуМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ