• Latest
Фото: Скриншот

Мицкоски од Вашингтон: Руската агресија врз Украина треба да се казни

February 21, 2025

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски од Вашингтон: Руската агресија врз Украина треба да се казни

February 21, 2025 10:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во директна дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон, изрази став сосема спротивен од оној на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја уништи нејзината земја и уби илјадници нејзини граѓани.

Запрашан да го коментира процесот на постигнување мирно решение за војната во Украина и дали тоа на некаков начин ќе има импликации за Западен Балкан, Мицкоски го даде својот одговор, кој започнува на 35:20 минути од видеото:

„Македонија е меѓу петте водечки донатори за Украина. Руската воена агресија без преседан против Украина и украинскиот народ, неиспровоцирана од ништо, е нешто страшно. Тоа мора да биде осудено. Треба да направиме сѐ што можеме за да му помогнеме на украинскиот народ и на Украина. Тоа е нашиот став. Зошто? Бидејќи Русија го оспорува и негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е страшно. Страшно.“

Мицкоски ја споредува позицијата на меѓународната заедница кон Украина со ставот на светот кон ситуацијата во Северна Македонија и вели:

„Но, во исто време, парламентот на една земја-членка на ЕУ го негира македонскиот идентитет и мојот мајчин јазик, македонскиот јазик, кој, патем речено, е официјален јазик на ОН од 1945 година и кодифициран од 1977 година. Затоа, треба да имаме ист пристап кон двата случаи. Да, има воена инвазија во Украина, луѓе умираат, тоа е трагично, ние им помагаме колку што можеме. Но, македонското прашање? Ајде да зборуваме за таа тема,“ рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека како нација сме претрпеле премногу понижувања, и сме прифатиле лоши договори во име на повисоки цели за евроатланските интеграции, а земјава се уште не е ниту на почетокот на патот за члетвство во ЕУ. Сега, вели тој, од нас се бараат повторно уставни измени, но, тоа сепак не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.

-Кажете ми втор случај во Европа кој е барем од далеку сличен со нашиот, не зборувам за приближно сличен. Овој пат рековме, ако Pacta sunt servanda се применува за нас тогаш нека се применува за сите, ако ние испорачуваме тогаш очекуваме и другите да испорачаат, рече Мицкоски.

-Ние сега треба да ги внесеме неколку стотина наши сограѓани во уставната преамбула, што е опис на нашиот Устав. Зборуваме за бугарската заедница. Во нашиот устав ние имаме Македонци, Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Власи итн., па ако ги анализирате работите од таа перспектива тоа не е голема работа. Но зошто да ги внесеме во преамбулата? Можеби зборуваме за човековите права, можеби некој им ги крши човековите права на бугарската заедница? Кои сме ние политичарите да судиме дали нечии човечки права се нарушени? Има институција во Европа наречена Судот за човековите права во Стразбур која е одговорна да суди дали нечии човекови права се прекршени или не. И што вели таа институција во последните години? Тие беа јасни, 14 пати човековите права на македонската заедница во Бугарија биле прекршени, и 0 пати на бугарската заедница во Македонија. Четиринаесет наспроти нула. Како да им го појасниме ова на граѓаните, зошто го правиме ова, а не добиваме ништо. Затоа велиме бидејќи ова не е суштинско, бидејќи преговорите значат зајакнување на институции, подобрување на капацитетите на институциите, а не решавање на билатерални прашања. Ние рековме ќе го завршиме ова но кога ќе ги завршиме нашите преговори, затоа што се плашиме дека ова може да се претвори во бескрајна приказна и ќе следат нови и нови барања и никој не знае кога тоа ќе заврши, истакна премиерот Мицкоски на настанот во Вашингтон во организација на Атлантскиот совет.

А.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ