• Latest

Мицкоски „пишман аџија“ – ќе учествува во техничката влада, одбивањето само за пропагандни цели!?

December 12, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски „пишман аџија“ – ќе учествува во техничката влада, одбивањето само за пропагандни цели!?

December 12, 2023 19:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема јасен став околу учеството во техничката Влада која ќе ја предводи Талат Џафери – „Фронтлајн“ од партиски извори дознава дека партијата на Христијан Мицкоски сепак ќе учествува во неа.

Како што информираат за „Фронтлајн“ партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ, тие своето учество во техничката влада ќе го оправдуваат со тоа што нивните технички министри, како што велат, ќе ја направaт Владатa „потранспарентна“.

Истите извори вели дека со тоа што Мицкоски на последната лидерска средба договорил двојни претседателски и парламентарни избори на 24 април и 8 мај 2024 година, ја прифатил и техничката влада и учеството на неа.

Ацо Кабранов – долгогодишен новинар и добро упатен во политичките случувања во земјава за „Фронтлајн“ вели дека опозициската ВМРО ДПМНЕ од маркетиншки аспект бараше да се тргне техничката Влада.

– Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ од маркетиншки аспект бараше да се тргне техничката Влада на 100 дена пред избори. Дека „сме јаки“ па не ни требаат министри во таква Влада пред избори. И напаѓањето на решението Талат Џафери да биде технички премиер исто така е маркетинг – бил дезертер, бил УЧК, а ќутат дека во нивната Влада токму Џафери беше министер за одбрана. Некако последните потези што ги влечат не остават впечаток дека лагодно ги чекаат изборите на кои ќе добиеле сами 61 пратеник и ќе направиле уште следниот ден Влада. Во техничката Влада убеден сум дека ќе учествуваат со нивни партијци за министри, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.

Премиерот на Владата и лидер на СДСМ, најголемата владејачка партија – Димитар Ковачевски, за најавите дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во техничка Влада предводена од Талат Џафери, изјави дека тоа е законска обврска, а во спротивно ќе се остави дамка на целиот изборен процес.

– Регулирано е согласно закон кои позиции се менуваат во Владата, согласно Закон за влада и согласно Закон за избори кои позиции се менуваат. Значи не може да се прави импровизација кога се дефинирани законски одредби. Сметам дека не постои причина, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ да не ја исполни својата законска обврска бидејќи тоа предлагање произлегува од Закон за Влада и од Закон за избори“, вели Ковачевски.

На 28 јануари се очекува да се гласа за техничката влада со премиер Талат Џафери, а функцијата претседател на Собранието ќе ја преземе координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски. Гласањето за нов претседател на Собранието се очекува да се одржи по новогодишните и божиќни празници, кон средината на јануари.

Ова ќе биде трета техничка Влада во земјата. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. Втората техничка Влада ја предводеше актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

Четирите тогашни најголеми партии на 2 јуни 2015 година постигнаа договор 100 дена пред наредните парламентарни избори со државата да раководи Влада за спроведување избори. Пржинскиот договор бил потпишан од водачите на четирите најголеми политички партии во тоа време: Зоран Заев – СДСМ, Никола Груевски – ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети – ДУИ и Мендух Тачи – ДПА.

Извор: Фронтлајн /Дестан Јонузи

Tags: ВМРО - ДПМНЕтехничка владаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ