• Latest

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонија со поддршка за Украина и мирот, огромен интерес за унгарскиот кредит

March 4, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонија со поддршка за Украина и мирот, огромен интерес за унгарскиот кредит

March 4, 2025 14:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта, Мицкоски изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

– Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен со голема поддршка од наша пријателска Унгарија и ние како држава ќе почнеме да преговараме и убеден сум дека ако имаме можност во многу скоро да ги почнеме преговорите врз основа на вистинските Копехагенски критериуми и ќе ги завршиме и ќе бидеме дел од Европа, истакна премиерот.

Потсети дека денеска во Будимпешта се одржа и втората меѓувладина седница, по таа во Охрид во септември минатата година и истакна дека и присутните министри на билатерално ниво со нивните колеги договарале продлабочување на соработката, при што ги посочи министрите за внатрешни работи и за одбрана кои разговарале за идна можна воена соработка во сферата на воената индустрија и вмрежување и настап на трети пазари.

Нагласи дека отсекогаш сме ја имале поддршката од унгарската Влада, а сега таа има и финансиска димензија, преку унгарскиот кредит, средства кои, како што рече, се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки. На меѓувладината седница, меѓудругото, станало збор и са продлабочување на соработка во делот на инфраструктурата.

Тој му се заблагодари на Орбан за досегашната поддршка. -Тој покажа и докажа многу пати во минатото дека е човек со интегритет, дека неговиот збор планини тежи, за што ја има мојата неизмерна почит како човек и кој со своето однесувањее знае да инспирира, рече Мицкоски и му честита на неговите резултати на полето на економијата, инвестициите и во делот на капиталните инвестиции во Унгарија.

Мицкоски нагласи дека Орбан ја водел Унгарија низ трубулентни процеси, секогаш грижејќи се за заштита на националните и државните интереси. –Само ќе потсетам уште еднаш на неговиот громогласен став за заштита на европските граници од нелегалните мигранти, нешто за што заедно соработувавме, рече тој.

Напомена дека заедно ќе поттикнат Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување траен и одржлив мир во Украина преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е и во полза на украинските пријатели, но и на самата Европа.

Мицкоски додаде дека се фокусирани на нивната обврска да го подобрат животот на граѓаните и ги спомена денеска објавените податоци за растот на БДП за четвртиот квартал, кој изнесува 3,2 отсто, што споредено со три отсто од претходниот квартал, како што рече, прави годишниот раст на БДП да биде 2,8 проценти.

– Тоа е дополнителна инспирација заедно со нашите братски пријатели, народи, да работиме заедно на полето на економијата, да работиме заедно во насока на подобрување на животот на нашите граѓани, рече тој, додавајќи дека нивната цел е јасна – силна, стабилна и просперитетна Македонија во ЕУ.

Орбан: Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија

Северна Македонија може да смета на поддршката од Унгарија на нејзиниот евроинтегративен пат. Процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку членките на Европската Унија, изјави попладнево од Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, јави специјалниот известувачот на МИА.

– Не само што е срамно што овој процес толку бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку ние, членките на Европската унија. Затоа ние го поддржуваме залченувањето на Северна Македонија. Еврппската унија мора да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста од проширувањето. Досега секое проширување на Европската унија донесе само добро, рече Орбан, додавајќи дека  диктат од ЕУ, Унгарија нема никогаш да прифати и дека затоа мора да плаќаат казни.

Во однос на билатералните односи, Орбан рече дека трговската размена постојано расте и дека од 2010 година досега е седумпати зголемена. – Северна Македонија и Унгарија заедно со Србија припаѓаат на иста економска регија По наше мислење овој простор може да биде заедничка економска зона каде што соработката може да донесе огромен еконосмки потенцијал. Проблем е тоа што ние сме во Европската унија, а овие две држави се надвор од Унијата. Што можеме да направиме? Можеме да изградиме најинтензивни билатерални односи, рече Орбан.

Најави дека се подготвува и потпишување на меѓувладина економска спогодба.

Во однос на војната во Украина, Орбан рече дека Унгарија останува на ставот дека војната треба да прекине и дека ги поздравуваат преговорите меѓу САД и Русија.

– Три години живееме во сенката на војната. Ние ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и сме заинтересирани за успешен исход. Ние им се спротиставуваме на оние држави од Европската уинија, кои се наши пријатели и сојузници, но кои решија дека војната во Украина мора да продолжи. Продолжувањето на војната е лошо, погрешно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел, рече Орбан.

Двајцата премиер разговарале и за миграцијата, а од страна на унгарскиот премиер биле поздравени напорите на Северна Македонија за чување на границата.

Фото и видео: Влада на РСМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ