По средбата со премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изајви дека од темите на кои се разговарало, во контекст на пандемијата и изборите се согласиле на нивно одложување, пред сè во интерес на здравјето на граѓаните.
“Се договоривме пописот наместо сега да се одложи за месец септември, апликацијата за дијаспората да биде активна до завршување на физичкиот попис. А локалните избори да се одложат наместо првата половина на октомври да бидат во втората половина на октомври”, изјави Мицкоски.