• Latest
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Мицкоски против Мицкоски во „Кратки нозе“: Пратеникот Реџепи бил „киднапиран“ или „се премислил“?

November 20, 2021

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мицкоски против Мицкоски во „Кратки нозе“: Пратеникот Реџепи бил „киднапиран“ или „се премислил“?

November 20, 2021 19:50
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Share on FacebookShare on Twitter

На 17 ноември, во интервјуто за „Топ Тема“ на Телма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓу другото зборуваше и за собраниската седница за гласање недоверба на Владата на 11 ноември, неуспехот на опозицијата да обезбеди мнозинство и отсуството на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

Мицкоски прво вели дека е тоа лична одлука на пратеникот кој се премислил, дека ја почитува и нема повеќе намера да зборува за неа:

„…Фактот е дека имавме 61 потпис од пратениците коишто заедно со допис беа доставени до претседавачот во парламентот. Во меѓувреме, еден од тие пратеници одлучил, ете да верува во тие вредности во кои самиот тој кажува и да не се појави на седницата… / Но, во ред, ете тој се премислил, одлучил да постапи така како што постапил, и јас го почитувам тоа и немам намера повеќе што да зборувам по таа негова постапка…“

Но, неколку минути подоцна, Мицкоски повторно почна да тврди дека пратеникот не се премислил, туку дека бил киднапиран:

Мицкоски: Не велам дека не е легитимно вие да киднапирате пратеници, потоа да им давате текстови да читаат пред камера на бела позадина, па потоа да ги убедите да излезат во јавност, и така натаму…

Новинар: Па имате доказ за тоа?

Мицкоски: Јас доказ немам. Јас доказ немам, но имате ли вие доказ дека не било…?“

Инаку, ова не е првпат во овие денови Мицкоски да си противречи сам на себе за ова прашање. Да потсетиме, тој беше дел од опозициските политичари кои од 11 ноември и недоаѓањето на Реџепи во Собранието тврдеа дека тој бил киднапиран и дека заради тоа нема мнозинство за гласање на недоверба на владата.

„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката…“ – објави Мицкоски на Фејсбук вечерта на 11 ноември, по видео-обраќањето на пратеникот Реџепи, а пред завршувањето на седницата за гласање на недоверба на владата.

Но, на 16 ноември, еден ден откако Реџепи излезе на прес-конференција, Мицкоски гостуваше на српската „ТВ Хепи“, каде кажа дека еден пратеник „се предомисли“.

„За жал не успеавме, така е, и покрај тоа што имавме 61 потпис, што е апсолутно мнозинство во македонскиот парламент, но ете, еден се предомисли кој пред тоа, пар денови пред тоа, мислам недела дена пред тоа се потпиша на тој список.“

На 17 ноември, пак, пред неговото вечерно гостување на Телма, во изјава за медиуми на настан во Кисела Вода, Мицкоски повторно тврдеше дека имало „буквално киднапиран“ пратеник кој под присила давал изјави:

„Профилот е јасен, на човек којшто е практично киднапиран, и којшто под присила мора да дава изјави такви какви што дава…прво треба да имаме одговор на прашањето што се случи со пратеникот кој беше буквално киднапиран, не можеше неговото семејство да стапи в контакт со него“

И покрај тоа што и самиот Мицкоски во „Топ Тема“ призна дека нема докази за тврдењата кои потоа и сам си ги демантираше, некои медиуми продолжија со ширење на овие дезинформации.  „Република“ објави содржина со наслов: „Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава, а во позадина бел ѕид “ , во која има фотомонтажа на Реџепи како киднапиран од Заев и Ахмети со автоматско оружје.

Видовте и сами, Мицкоски во интервјуто, а и пред тоа, тврдеше дека пратеник бил киднапиран, па се премислил, па бил киднапиран, па сам одлучил да не дојде на седница, па пак бил киднапиран! Останува само да видиме, дали Мицкоски ќе се договори – со Мицкоски.

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

Соработка на содржините: Мониторинг тим на Цивил

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ