Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Детектор вели дека е свесен дека граѓаните се уморни од одржување на било какви избори, но истовремено, актуелната состојба во земјата наметнува тоа да се случи.
Според Мицкоски, би било добро да има избори во март следната година.
„Мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со ЕУ, а јас се надевам дека ќе ги отпочнеме, можеме да формираме една техничка влада и веднаш потоа таму некаде март месец да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот дека блескаме е вистината.“ – изјави Мицкоски во интервјуто.