Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска пред насобраните граѓани на општина Бутел го претстави кандидатот на опозициската партија за градоначалник на општината Дарко Костовски.
Во обраќањето, Мицкоски истакна дека на 17-ти октомври општина Бутел ќе биде меѓу првите која ќе ја крене раката на идниот градоначалник Дарко Костовски и идниот градоначалник на градот Скопје, Данела Арсовска.
Оваа победа ќе биде круната на нашата борба за промени, за нова надеж и за убав Бутел и победа за нашето Скопје.
Пресврт за иднина и Македонија каква сакаме да видиме. За општина која е на сите луѓе, за Македонија која е на сите луѓе. Оваа победа е за секој еден човек на нашата земја, истакна Мицкоски.
На средбата со граѓаните уште се обратија и кандидатот за Бутел, Дарко Костовски, како и кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.