• Latest

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

За трајно решение ќе ни оставите уште малку простор. Не сакаме популистички мерки, туку сакаме трајно решение. Праксата покажа дека ако само ја ограничиме маржата кај одреден дел производи, посебно прехранбените, таа потоа се прелева во следните месеци и на крајот се нивелира. Не сакаме да западнеме во таа замка, потенцира Мицкоски

August 11, 2025 14:52
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Детално се анализираат сите фактори кои влијаат врз цените на храната и многу се внимава какви мерки ќе бидат донесени. Владата сака трајни, а не популистички решенија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, праксата покажа дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, дополни, во која не треба да западнеме.

Премиерот е дециден дека причина за растот на инфлацијата се услугите.

-Одиме ставка по ставка, многу студиозно, детал по детал, додека не дојдеме до конечната одлука што понатаму. Многу сме внимателни во носењето мерки. Очекувам анализата што ја правиме многу скоро да биде готова. Анализираме производ по производ, групи на производи и услуги за да дојдеме до трајно решение. Сите инпути во равенката ги анализираме и засега излегуваме со ад-хок решение за септември, тоа е училишната кошничка. За трајно решение ќе ни оставите уште малку простор. Не сакаме популистички мерки, туку сакаме трајно решение. Праксата покажа дека ако само ја ограничиме маржата кај одреден дел производи, посебно прехранбените, таа потоа се прелева во следните месеци и на крајот се нивелира. Не сакаме да западнеме во таа замка, потенцира Мицкоски по посетата на Општина Петровец.

Тој истакна дека се следат случувањата и во регионот.

– Ги следиме случувањата во регионот и отприлика инфлацијата во јули секаде е околу 4 – 5 отсто, поради услугите. Во рамки на просекот во првите шест – седум месеци ние сме под земјите во регионот што се должи, пред се, на ограничувањето на маржата во март и април која потоа се прелеа во мај, јуни и јули. Услугите се засега најголемиот генератор на зголеменото ниво на инфлацијата. Тоа значи дека зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, имаме зголемена побарувачка и луѓето можат да ја платат цената за услугата, а тие што ја нудат, ги качуваат цените на услугите се додека консументите можат да платат. Ако ги исклучиме процесуираната храна и останатите производи од синџирот, ќе видиме дека најголемиот дел генератори на инфлацијата се услугите. Ресторанските услуги, на пример, се 24 – 25 отсто зголемени во однос на истиот месец лани, исто и транспортните. Кај овошјето има огромно зголемување, двоцифрено, кај јаболки, банани, лимони, објасни премиерот.

Потсети и дека во првите шест месеци од годинава извозот расте повеќе од увозот, а изрази и очекување и натаму да се намалува трговскиот дефицит.

– По долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9 отсто зголемен во првите шест месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4 проценти во истиот период. Првпат по долго време се случува да се намалува трговскиот дефицит со странство и тоа во услови кога автомобилската индустрија е во таква состојба каква што е, а нашата извозна компонента најмногу отпаѓа на автомобилската индустрија. Очекувам и во периодот што следи таквата економска активност да продолжи, рече премиерот.

Во петокот трговците, производителите и дистрибутерите беа на средба кај министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за цените на храната. Како што истакна Дурмиши претпладнето на прес-конференција, тоа требаше да биде крајна опомена и предупредување за нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ