• Latest

Мизогинијата и шовинизмот на македонската политичка сцена

February 25, 2019
Фото: Скриншот од видео на RICK FILE

Мисијата на ОН во Либија повика на деескалација на борбите и нападите врз цивилите во Триполи

May 13, 2025
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мизогинијата и шовинизмот на македонската политичка сцена

February 25, 2019 10:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве по медиумите се изнаслушавме за апсењата на некои симпатизери или можни сторители од редот на терористичката организација ИСИС. Апсењата се поради превентива од можни терористички напади против ова кутро и јадно парче земја во која уште тоа ни фали, некој да не фрла со бомби, не дај Боже, и така да ни ја забибери целата каша на хаос и неред од кои никако да се ослободиме уште од времето на идеолошко-политичката агресија на ДПМНЕ.

Хусеин еф. Адеми

Нема да расправам за тоа кој и каде е уапсен, тоа не е моја надлежност и не е во мој домен да говорам за тоа, но, сепак останува оној црв на сомнеж: случајно да не се тргнало по стапките на вмроните кои за секоја дискутабилна ситуација измислуваа состојби на “исламски“ тероризам за да го одвратат вниманието на јавноста од нивните будалаштини и идиотизми.

Овде кај нас во чаршијата, во нашето големо село наречено Скопје, посебно од “нашата страна“ добро се знае кој какви идеи има, да не се правиме мутави, и сите знаеме кој какви глупости може да предизвика или евентуално каква добрина може да стори за заедницата. Но, тоа не значи дека знаеме и што наумил некој бисер или пак да знаеме за погубноста на неговото делување а тоа, како совесни граѓани, да не го спречиме. Ова ви го говорам од аспект на исламски теолог на кого му здодеало да слуша за некои тајни конспирации или пак да бидам сведок на блатење на мојата вера а никој да не реагира.

Кога во Македонија пред неколку години беа уапсени одредени личности кои ја фаворизираа идејата на ИСИС, сите ние почнавме да дишеме со полн капацитет бидејќи тоа зло пред се ја погаѓаше муслиманската заедница и навистина на сите ни олесни затоа што не е лесно да се носи товарот на жигосаната крава која, доколку не му припаѓа на домашното стадо, сигурно ќе биде отфрлена или … Ние муслиманите од Македонија сме против радикализмот, естремизмот и секако тероризмот и не дозволуваме тоа да се стави во контекст со исламот! Би биле будали и тешки глупандери да веруваме дека такво нешто е исправно и оправдано.

Но, чудно ми е, навистина, како деновиве на националните телевизии во емисии од отворен карактер се расправа за “исламскиот“ тероризам без присуство на компетентен исламски теолог кој на јавноста ќе и ја појасни догмата на исламот и ставот на оваа вера кон насилството, агресијата и одземањето на туѓ живот!! Ова го зборам од причина што таков едносмерен настап може кај немуслиманите да предизвика чувство на немир и вознемиреност секогаш кога пред себе ќе здогледаат маж или жена со, за неинформираните граѓани, сомнителен изглед.

Грујо и неговите крвожедни кловнови одеа и подалеку. Кога некој наш сограѓанин, муслиман, оженет со странска државјанка, одеше во МВР, отсек за странци, за да поднесат барање за државјанство врз основа на брак, беа изложувани на специјални информативни разговори кои после осум месеци резултираа со решение со кое се одбива молбата за државјанство бидејќи неговата сопруга, со кристално чисто граѓанско досие, претставува директна закана за стабилноста и безбедноста на државата!!

Ова е класичен пример за исламофобија и мизогинија т.е. омраза и предрасуда кон жената која во овој случај е муслиманка. Вакви примери кај нас има на десетици, да не кажам на стотици и никој не реагира. Ова е политика на дискриминација бидејќи не им се дозволува на муслиманите да остварат здрави и директни семејни контакти со поширокиот круг на својата фамилија. Што би се случило кога таквата жена, без никакво оправдување и докази би била протерана од Македонија, кога веќе е закана за безбедноста или пак ова претставува намерно прекинување на било какви физички контакти на муслимански семејства од различни земји во регионот? Таква заедничка политика водеа Груевски, Додик и Вучиќ. Груевски осведочен криминалец и апаш, Вучиќ пукаше од околните ридови врз невините граѓани на Сараево, а Додик го прогласува за национален херој Ратко Младиќ, Хашкиот затвореник осуден за геноцидот во Сребреница.

Се надевам дека Заев и неговата влада нема да ја повторат глупоста на ДПМНЕ туку професионално ќе си ја работат работата и навистина ќе ги штитат невините а ќе ги апсат криминалците, терористите, гомнарите и слична багра.

Јас лично се радував кога на власт дојде СДСМ бидејќи на Македонија и треба граѓанска опција а не национал-шовинистички брлози кои се нарекуваат политички партии со затскриени религиозни омрази, но, упатувам апел професионално и хумано да си ја работат работата а не да бидат бледа копи-паст варијанта на шаткастото чудовиште и неговата “шу праиш“ која тегне “цигани за уши“.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ