• Latest

Младински организации од Европа ги осудуваат нападите врз цивилното општество во Македонија!

February 17, 2017
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Младински организации од Европа ги осудуваат нападите врз цивилното општество во Македонија!

February 17, 2017 15:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот младински форум (EYF) и Млади европски федералисти (JEF) најостро ги осудуваат нападите врз граѓанското општество во Македонија, особено врз младинските организации, вклучувајќи ги и ЈЕФ Македонија. Тие порачуваат дека „силно и независно цивилно општество е апсолутно есенцијално за доброто функционирање на демократијата!“

„Во својот Извештај за состојбата на граѓанското општество во Република Македонија, Европскиот младински форум и Младите европски федералисти, пишуваат:

Во последните недели, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги засили нападите врз граѓанското општество во Македонија. ЏЕФ Македонија и ЏЕФ Европа се под директен напад, особено од таканареченото движење „Стоп Oперација Сорос“.

Неколку дена по декемвриските избори, поранешниот премиер Никола Груевски одржа говор пред Државната изборна комисија, заканувајќи им се на организациите кои примаат средства од странство, велејќи притоа дека неговата партија ќе се бори за ‘десоросоизација’. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ исто така издаде соопштение во кое изјави дека ‘процесот на десоросоизација започна’. Неколку дена по овие изјави, беше формирано движењето СОС, од главниот уредник на новинарската агенција МИА која е предводена од државата, Цветин Чилиманов, еден од уредниците на провладиниот медиум ‘Република’, Ненад Мирчевски и Никола Србов, колумнист во уште еден провладин медиум ‘Курир’. Ова движење, како што велат основачите, е креирано со цел да „се бори против едноумието во цивилниот сектор, кое е осмислено и предводено од Џорџ Сорос“.

Во сабота на 4-ти февруари 2017, за време на конференцијата на СОС, нејзиниот основач Чилиманов ја нарече организацијата ЏЕФ Македонија „најконтроверзната организација“, додавајќи и реченица за „смртоносните и опасните политики на Џорџ Сорос“. Понатаму, не сите презентирани податоци на пресот беа точни, а имало и манипулација со фактите.

Европскиот младински форум и ЏЕФ Европа сметаат дека силно и независно цивилно општество е апсолутно есенцијално за доброто функционирање на демократијата. Ние сме блиски партнери со организациите посветени за јакнење на независноста и активноста на организациите кои ги мониторираат активностите на владата. Јавните напади врз различни организации во Република Македонија и особено на младиниските организации, вклучувајќи ги и ЏЕФ Македонија, се загрижувачки тренд кој силно го осудуваме.

ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија се борат за ослободена и обединета Европа која се води по демократски принципи и според владеењето на законот, целејќи да обезбедат мир, просперитет, безбедност и правда во Европа и во светот. Преку нивните принципи и акции, ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија работат кон подлабока европска интеграција на Република Македонија која надежно ќе ја доведе земјата до статус на земја-членка на ЕУ.

Ги повикуваме властите на Република Македонија итно да престанат со оцрнувачката кампања. Владата мора да ја признае важноста на граѓанското општество и организациите за демократскиот процес и демократскиот квалитет на општеството. Ја повикуваме Европската комисија да се вклучи со Владата во решавањето на овој проблем за обезбедување на положбата на невладините организации во Република Македонија“, се вели во пораката која ја потпишуваат Кристофер Глук, претседател на ЏЕФ Европа и Луис Алварадо Мартинез, претседател на Европскиот младински форум.

Tags: Европски младински форумМлади европски федералистинападиСтоп операција Соросцивилно општествоЏЕФ Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ