• Latest

Младите во Северна Македонија препознаваат дезинформации, но помалку посетуваат обуки за медиумска писменост

February 11, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Младите во Северна Македонија препознаваат дезинформации, но помалку посетуваат обуки за медиумска писменост

February 11, 2022 14:06
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Четириесет и три проценти од младите во Северна Македонија сметаат дека можат добро да препознаат дезинформации, додека процентот е малку повисок кај оние кои велат дека многу добро можат да препознаат дезинформации. Ова го покажува истражувањето од публикацијата „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија“ кое било спроведено од ноември до декември минатата година, пренесува МИА.

Интересен податок е тоа што сите анкетирани рекле дека можат да препознаат дезинформации. Се забележува дека повозрасните испитаници можат подобро да препознаат дезинформации за разлика од оние кои се на возраст од 16 до 20 години.

Речиси сите возрасни групи одговориле дека се среќаваат со лажни вести на дневно ниво, но кај оние кои се од 16 до 20 години бројките варираат, тие рекле дека многу помалку се среќаваат со лажни вести на дневно ниво.

Според истражувањето, 46,5 проценти сметаат дека дезинформациите се генерираат најмногу заради недоволно информирање или незнаење, 14, 2 проценти од испитаниците сметаат дека се поради „клик-бејтови“ или поради одреден бизнис, а 18,7 проценти сметаат дека се политички мотивирани од домашни актери и една петтина од младите сметаат дека се мотивирани од странски актери.

Податоците од публикацијата, покажуваат дека младите од 16 до 20 години помалку посетуваат обуки за медиумска писменост, за разлика од повозрасните испитаници, од 31 до 35 години каде што процентот е многу повисок.

Во однос на вакцинацијата, поточно кои вакцини се најдобри, 54,8 проценти од младите одговориле – Фајзер, 16,1 процент – Спутник, 8,4 проценти – Синофарм и 3,2 посто – Астра Зенека. 16,8 проценти од младите сметаат дека ниту една вакцина не е добра.

Според добиените резултати може да се забележи дека 31, 6 проценти од младите сметаат дека државата досега задоволително се справила со пандемијата, додека 25, 8 проценти сметаат државата лошо се има справено со пандемијата.

Во насока на перцепцијата во зависност за тоа кои земји најмногу се имаат справено со пандемијата – 20,6 проценти рекле дека Данска најдобро се справила со пандемијата, досега, Кина со 17 проценти, со 12 проценти Германија, шест проценти САД, Србија – три проценти и Русија со пет проценти и Белорусија со три проценти. 34 проценти од младите сметаат дека ниту една држава досега не се справила добро со пандемијата.

За тоа која држава или меѓународна организација најмногу има помогнато досега на Северна Македонија за време на пандемијата, најголем процент од испитаниците рекле дека тоа е Србија со 40, 6 проценти. После Србија следуваат Европската унија со 25,2 проценти, НАТО со 12,3 проценти, Кина со 4,5 проценти и Русија со 2,6 проценти.

Претседателот на Евро-Атлантскиот совет на Северна Македонија Исмет Рамадани смета дека во време на пандемијата се создаде голем простор за дезинформации и од тие дезинформации се случи една поларизација во општеството.

– Затоа што дезинформациите се чудна работа, понекогаш и атрактивно, сензационално, пријатно се примаат, но малку мислиме во почетокот кои се последиците, рече Рамадани кој додаде дека Советот и понатаму ќе продолжи да го стеснува просторот на лажните вести.

Тој истакна дека и понатаму ќе продолжат да ги промовираат евроатлантските вредности – безбедност, слобода, демократија, правда, слободни медиуми, развој на економијата.

– Кога ги промовираме евроатлантските вредности и како идеја и како опција ние секогаш сметаме на луѓе кои ја прифаќаат опцијата, а ја прифаќаат затоа што сите показатели и проценти досега ни кажуваат дека апсолутното мнозиснтво на граѓаните на Северна Македонија се пронато, односно за евроатлантската опција, рече Рамадани.

Најави дека кон крајот на април делегација од десет млади луѓе и тие како Совет, заедно со Евроатлантскиот бизнис клуб ќе одат во Бугарија на голема конференција, а во исто време ќе имаат средби и со претставници на институции.

 

Според амбасадорката Баиба Браже, заменик генерален секретар на НАТО посочи дека Северна Македонија со своето членство во НАТО придонесува до меѓународна стабилност и сигурност, и порача да продолжи да се насочува кон овој пат.

Таа во своето денешно обраќање посочи дека дезинформациските практики се една од најважните теми не само тука, туку и во светот, а особено сега во време на пандемијата.

-Работиме на ова поле многу внимателно и сакам да ве убедам дека НАТО Алијансата е многу посветена и обединета во важните чекори да ја овозможи стабилноста и сигурноста на сите земји членки. Во ова сме сите заедно и ќе останеме посветено да работиме, посочи амбасадорката во своето обраќање.

Истражувањето е дел од проектот на Евро-Атлантскиот совет на Северна Македонија, поддржан од НАТО.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ