• Latest

ММФ и одобри 176 милиони евра финансиска поддршка на Северна Македонија

April 12, 2020
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ММФ и одобри 176 милиони евра финансиска поддршка на Северна Македонија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри финансиска поддршка на земјава, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, со каматна стапка од 1,05 проценти и рок на отплата од пет години.

April 12, 2020 08:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри финансиска поддршка на земјава, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, со каматна стапка од 1,05 проценти и рок на отплата од пет години. Одобрените средства  треба да помогнат за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза со коронавирусот за нашата економија  и дополнителна поддршка  и на макроекономската стабилност.

Преку Инструментот за брзо финансирање се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Економските изгледи на Северна Македонија значително се влошија како резултат на пандемијата на Ковид-19. Се очекува реалниот БДП да се намали за 4 проценти во 2020 година, како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка. Ова, заедно со негативните шокови врз довербата и прелевањата од глобалните финансиски текови, создаде потреба од итно обезбедување на потребите на платниот биланс, оцени заменик извршниот директор и в.д. претседател на Извршниот одбор на Фондот, Тао Џанг.

Според него, властите брзо одговориле со насочена и привремена фискална поддршка за да го ограничат социјалното и економското влијание од здравствената итна состојба преку заштита на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и обезбедување социјална грижа за невработените и ранливите категории на домаќинства.

Тао наведе дека Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја намали својата основна каматна стапка и спроведе регулаторни измени за да ги охрабри банките да ги реструктуираат долговите на висококвалитетните должници кои се погодени од пандемијата.

Канцеларијата на регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, оцени дека Владата на земјава и Народната банка остануваат силно посветени на зачувување на монетарната, надворешната и финансиската стабилност и се подготвени да ги преземат сите дополнителни мерки што би биле потребни.

– Властите исто така изразија силна посветеност, откако ќе заврши кризата предизвикана од Ковид-19, за обновување на фискалните бафери и спроведување на агендата за структурни реформи за да помогнат во зачувувањето на одржливоста на долгот и забрзување на конвергенцијата кон развиените економии на земјите од Европската Унија. Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да ѝ помогне на Северна Македонија во борбата со пандемијата и во процесот на закрепнување на економијата, се наведуваа во соопштението на Канцеларијата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска оцени дека добиената поддршка од ММФ е двојно поголема од сумата што земјава првично ја очекуваше и доаѓа во вистинско време, пред пикот на  здравствената криза која се очекува  некаде на крајот на месецов.

– Навистина добра вест бидејќи ова се поволни средства, со ниска каматна стапка од 1,05 проценти  и рок на отплата од пет години. Оваа финасиска поддршка од ММФ е преку Инструментот за брзо финансирање  кој обезбедува брза  и лесно пригодлива финансиска помош  за земјите членки на  ММФ  кои се соочуваат со итни потреби  на билансот на плаќање, истакна Ангеловска во видео изјава.

Со инструментот може да се обезбеди поддршка  за да се задоволи широк спектар на итни потреби  вклучително и оние што произлегуваат од шокови на цени на стоки,  природни непогоди,  конфликтни  и постконфликтни ситуации  и други вонредни состојби  кои можат да ја погодат земјата.

– Оваа помош од ММФ ќе помогне во финанисирањето на мерките  за здравствена и макроекономска стабилизација  и исполнување на потребите на  билансот на плаќање  кои произлегуваат од појавата на  Ковид 19. Мора да се истакне дека од исклучителна важност е оваа  ликвидносна инјекција која доаѓа  на почетокот на  април  односно во вистинско време пред пикот на  здравствената криза која се очекува  некаде на крајот на месецов, изјави Ангеловска.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, пак, смета дека финансиската поддршка од ММФ е од исклучително значење, како за спроведување на фискалните мерки, така и за обезбедување натамошен раст на девизниот потенцијал на нашата економија, односно за зголемување на девизните резерви.

– На овој начин се создава поголем простор за спроведување релаксирана монетарна политика и за обезбедување олеснети финансиски услови за кредитирање на погодените компании и граѓани, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Овој инструмент, како што посочува, е значајна алатка која овозможува и полесен пристап до други надворешни извори на финансирање, вклучително и до европските.

– Имено, одобрувањето на овој аранжман е и потврда на здравоста на политиките спроведувани од страна на централната банка, коишто резултираа со ценовна и финансиска стабилност, што, пак, има важна сигнална улога за идна финансиска поддршка, нагласи гувернерката.

Според неа, финансиските средства од ММФ ќе помогнат за ублажување на негативните ефекти за нашата економија, притоа давајќи дополнителна поддршка и на макроекономската стабилност.

– Преку Инструментот за брзо финансирање, ММФ овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства, за економии со здрави фундаменти, погодени од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на Ковид-19, се наведува во соопштението на Ангеловска-Бежоска.

Министерката за финансиии, исто така, најави и дека наскоро, во текот на мај, се очекува да бидат добиени и други средства за кои преговара земјава и тоа од Светска банка и од Европската унија.  Истовремено, вели Ангеловска, се следи пазарот на капитал кој се очекува наскоро да почне да се стабилизира и затоа ќе започнеме и со постапката за издавање на еврообврзница.  Во текот на подготовките ќе ја следиме состојбата со цел да го одбереме најсоодветниот тајминг за излегување на пазарот на капитал.  Ќе ги обезбедиме средствата кои се ноепходни за земјава  за да поминеме со што помали последици од корона кризата.

– Мора да внесеме пари во економијата, да ја поттикнеме економската активност и пред се, да ги зачуваме и да ги заштитиме  работните места. Преземаме мерки кои се во вид на даночни ослободувања во вид на директна финансиска поддршка  и ќе продолжиме да  преземаме  и нови мерки во следниот период  и во периодот на обновување со цел  што побрзо оправување на  економијата, порача министерката за финансии.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ