• Latest

ММФ: Македонската економија се опоравува

January 23, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ММФ: Македонската економија се опоравува

January 23, 2024 11:38
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската економија бележи опоравување по зголемувањето на цените на храната и енергенсите предизвикани од руската војна во Украина. Економската активност во 2023 година беше придвижувана од значителниот извоз како и од намалениот увоз на енергија и таа се движи во насока на зајакнување во 2024 година, оценуваат од Меѓународниот монетарен фонд во соопштение откако Извршниот одбор ги заокружи консултациите во врска со членот IV за 2023 година и го заврши првиот преглед во рамки на аранжманот за претпазливост и ликвидност (PLL) за Северна Македонија.

Во соопштението што денеска го сподели Канцеларијата на ММФ  во државава, се укажува дека намалување на емиграцијата и поттикнувањето на продуктивноста се од суштинска важност за повторно забрзување на конвергенцијата на приходите со оние од Европската унија и оти справувањето со овие предизвици, меѓу другото, бара подобрување на деловното опкружување и на владеењето на правото.

-Завршувањето на прегледот им овозможува на  властите да имаат пристап до 161,35 милиони специјални права на влечење (SDR) (еквивалентно на околу 200 милиони евра според сегашниот курс или 115 проценти од квотата). Властите имаат намера да повлечат 119,26 милиони специјални права на влечење (или 85 проценти од квотата), а преостанатиот износ да го третираат како сигурност за цели на претпазливост од надворешни шокови, се наведува во соопштението.

Од ММФ оценуваат дека успешното завршување на првиот преглед претставува значаен чекор во насока на зајакнување на економската отпорност на Северна Македонија.

– Властите напредуваат во насока на целите на Инструментот за претпазливост и ликвидност (PLL), што вклучува заштита на јавните финансии, намалување на енергетските субвенции, справување со високата инфлација и обезбедување финансиска стабилност. Фискалната консолидација планирана за 2024 година има за цел да го донесе Буџетот поблиску до прагот од 3 проценти од БДП согласно Законот за Буџетите на Северна Македонија. Дополнително на ова, таа има за цел да изгради бафери во случај на потенцијални надминувања на трошоците предвидени за изградба на патните коридори 8 и 10-д како и за други трошења. Мерките кои неодамна беа преземени ќе ја намалат ранливоста на буџетот од ненадејни зголемувања на енергетските субвенции, оценува ММФ.

Според ММФ, планираното зголемување на јавните инвестиции, пред сè започнувањето на изградбата на патните коридори 8 и 10-д, дополнително ќе го поттикнат економското опоравување.

-Иако инфлацијата и понатаму претставува предизвик, таа значително се намали поради пониските цени на енергенсите и храната на глобално ниво, во комбинација со монетарното затегнување. Подобрениот надворешен трговски биланс, кој делумно се припишува на острото намалување на глобалните цени на енергијата, заедно со отпорните странски директни инвестиции, ги одржуваат девизните резерви на адекватно ниво. Банкарскиот сектор и понатаму е ликвиден, добро капитализиран, профитабилен, при што нефункционалните кредити се стабилни и се на историски најниско ниво, посочуваат од ММФ.

Дискусиите во врска со членот IV ставиле акцент на среднорочните предизвици. Северна Македонија, укажува ММФ, бележи забавена конвергенција кон ЕУ во последнава деценија, и тоа најмногу поради недоволното инвестирање, големата емиграција и нискиот раст на продуктивноста. Исто така, изложена е на климатски промени и таа ќе биде под влијание на Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување на ЕУ (EU-Carbon Border Adjustment Mechanism). Државата има голем потенцијал да ги намали емисиите на јаглерод преку инвестирање во обновливи извори на енергија и деактивирање на старите електрани на јаглен, оценува ММФ.

Бо Ли, заменик директор и претседавач на Извршниот одбор, по дискусиите во рамки на ИО, во пишана изјава оценува дека Северна Македонија се опоравува од двојните шокови предизвикани од пандемијата на КОВИД-19 и наглото зголемување на цените на енергијата предизвикано од руската инвазија на Украина.

-Државата и понатаму се квалификува за Инструментот за претпазливост и ликвидност бидејќи има здрави економски основи и рамки на институционални политики, и исто така спроведува здрави политики. Владата ја исполни целта за остварен дефицит во 2023 година, а неодамна усвои и силен сет на мерки кои материјално ќе ги намалат енергетските субвенции. Властите се посветени на тоа зголемувањето на платите да биде ограничено во рамките на она што е договорено со Општиот колективен договор. Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) значително ја затегна монетарната политика, што ја намали инфлацијата и помогна да се стабилизира девизниот пазар. Во овој контекст, резервите беа зголемени во 2023 година и тие се на здраво ниво. Финансискиот сектор е профитабилен, ликвиден и добро капитализиран, стои во изјавата.

Гледано во перспектива, наведуваат од ММФ, политиките на властите се фокусираат на континуирана фискална консолидација со цел повторно градење на баферите. Во овој контекст, посочуваат дека Собранието донело кредибилен Буџет за 2024 година, кој таргетира остварување на значителна фискална консолидација и истовремено има простор за приоритетни трошења.

ММФ наведува и дека властите и понатаму остануваат посветени на зајакнувањето на даночната усогласеност и зголемување на јавните инвестиции, истовремено управувајќи со поврзаните фискални ризици, вклучувајќи ги и оние кои произлегуваат од проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д. Исто така, дека планираат во целост да ги истиснат нетаргетираните енергетски субвенции, да ја зајакнат поддршката наменета за ранливите домаќинства, како и да ја подобрат енергетската ефикасност. Укажуваат и дека централната банка, НБРСМ, е посветена на понатамошно затегнување на политиката доколку дојде до остварување на инфлациски ризици, и продолжува да работи во насока на зајакнување на механизмот за монетарна трансмисија, подобрувајќи го следењето на ризиците кај банките и супервизијата, како и рафинирање и операционализирање на макропрудентните и рамките за решавање.

Укажуваат дека државава се соочува со значителни предизвици на среден рок и оти намалување на емиграцијата и поттикнувањето на продуктивноста се од суштинска важност за повторно забрзување на конвергенцијата на приходите со оние од ЕУ. Северна Македонија, забележуваат, исто така е изложена на климатски промени и таа ќе биде под влијание на Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување на ЕУ (EU-Carbon Border Adjustment Mechanism). Справувањето со овие предизвици, меѓу другото, бара подобрување на деловното опкружување и на владеењето на правото, како и забрзување на зелената транзиција.

Целта на Инструментот за претпазливост и ликвидност, кој беше одобрен во ноември 2022 година и им дава на властите пристап до 406,87 милиони специјални права на влечење (или 290 проценти од квотата), беше да обезбеди достапност на финансиски средства во време на предизвици кога се работи за пристапот до финансиски пазари, истовремено поддржувајќи ги напорите на властите за намалување на енергетските субвенции (фискална ранливост поради енергетскиот шок) и овозможувајќи подобро насочена поддршка наменета за ранливите домаќинства на кои таа најмногу им е потребна, како и консолидирање на јавните финансии.

Според членот IV од Основачкиот акт на ММФ, Меѓународниот монетарен фонд организира билатерални разговори со своите членки, најчесто еднаш годишно. Тим од ММФ ја посетува државата, собира економски и финансиски информации и дискутира со официјалните лица во врска со економскиот развој и политиките на државата. По своето враќање, тимот подготвува извештај кој потоа претставува основа за дискусија во рамките на Извршниот одбор.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ММФСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ