• Latest

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

Финансии без контрола: Политичките партии со системски слабости во изборното финансирање. Дали старите слабости во финансирањето ќе го нарушат кредибилитетот на локалните власти?

August 20, 2025 11:36
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Локалните избори во Северна Македонија ќе се одржат во октомври 2025 година, а политичките партии веќе ги заоструваат наративите, подготвувајќи го теренот за уште една сериозна битка за превласт.

ВМРО-ДПМНЕ најавува најголема победа досега, СДСМ го ревидира својот настап по слабите резултати од парламентарните избори, а албанскиот политички блок е поделен меѓу ДУИ и предизвиците што ги носат ВЛЕН и Алтернатива.

Во меѓувреме, граѓанските иницијативи и помалите партии се обидуваат да се наметнат како свежи и кредибилни алтернативи во локалната самоуправа.

Поделба на локалната власт

Општината Чаир е една од клучните точки на политичкиот натпревар во албанскиот блок. Кандидатурата на Бујар Османи (ДУИ) за градоначалник на Чаир предизвика остри реакции, а за противкандидат го има сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, поранешниот сопартиец, Изет Меџити (сега ВЛЕН). Османи во Чаир ќе гледа да ја зацврсти позицијата на ДУИ, но, иако поранешен министер за надворешни работи со значајна меѓународна видливост, прашање е колку ќе ја добие локалната поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ го смета Штип за своја традиционална тврдина и најавува нов мандат со фокус на економски развој и инфраструктура. Сепак, неофицијални анкети покажуваат пад на ентузијазмот кај младите гласачи, делумно поради недоволна ангажираност околу еколошки теми и урбанистичко планирање. СДСМ планира да кандидира жена со граѓански бекграунд, што може да ја промени динамиката на трката.

Во Охрид се очекува интензивна трка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓанските листи кои добиваат поддршка поради зголеменото незадоволство околу неконтролираниот туризам и загадувањето на езерото. Постојат најави за независен кандидат поддржан од еколошки активисти и бизнис заедницата, што може да го промени резултатот во првиот круг.

Локалната политичката сцена во Гостивар е поделена меѓу ВЛЕН со сериозна поддршка, но ДУИ и Алијанса за Албанците ќе се обидат да го задржат влијанието преку нови коалиции. Прашањата за урбан хаос, загадување и социјална инклузија ќе бидат главни теми.

Соочени со два мандата на првин од редовите на СДСМ, а потоа како независен градоначалник Максим Димитриевски (кој во меѓувреме ја формираше партијата ЗНАМ и се кандидираше за претседател), кумановчани ќе биде ставени на тест – сакаат ли уште четири години под закрила на ВМРО-ДПМНЕ (кои немаат свој кандидат, но најверојатно ќе го поддржат Димитриевски) или ќе се вратат на социјалдемократските корени?

Што со град Скопје?

Орце Ѓорѓиевски наспроти Каја Шукова се играчите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во битката за Град Скопје.

И додека Орце, кој е актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода, ќе „го воскреснува Скопје“, фокусирајќи се на сообраќајниот хаос, хигиена и инфраструктура, Шукова со истиот фокус во прв ред ги става граѓаните нудејќи конкретни решенија, пред ветувања.

Ревизија: Прашања за отчетноста и почитувањето на законската рамка

Додека локалната политичка сцена се загрева за претстојните избори вниманието на јавноста би требало сѐ повеќе да се насочува кон транспарентноста на финансирањето на изборните кампањи и влијанието на политичките пари врз демократските процеси.

Јунскиот Збирен извештај од Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој беа анализирани финансиите на изборната кампања за парламентарните избори 2024 година, отвори прашања околу отчетноста и почитувањето на законската рамка од страна на политичките субјекти. Овој извештај само по себе е сличен како и извештаите за претходните изборни циклуси, покажувајќи дека без разлика колку измени да се прават во Изборниот законик (или не се прават) слабостите остануваат исти.

Ревизорскиот извештај покажува дека кај дел од учесниците во изборната кампања биле утврдени слабости во водењето на евиденција, неточни или нецелосни податоци, како и потенцијални прекршувања на одредби од Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии. Според наодите, одредени политички партии и коалиции не успеале навремено да ги пријават донациите, додека некои од трошоците не биле соодветно документирани или прикажани.

Системските слабости во транспарентноста на финансирањето на кампањите би требало да ја алармираат јавноста за легитимноста на изборниот процес, но се чини како да помина незабележано. Недостатоците не се само технички пропусти, туку создаваат основа за сомнеж за влијание на нетранспарентни извори на финансирање врз изборната конкуренција. Но, јавноста или не е доволно информирана или индиферентноста се должи дека „уште е рано за избори“ – сè додека не биде доцна за било што да се промени.

Недоволно документираните трошоци, ненавременото пријавување на донации и нецелосните евиденции го компромитираат принципот на еднаков пристап до ресурси. Особено загрижувачки се наодите кај најголемите партии, кои доминираат во медиумскиот простор и имаат поголем пристап до донации. Дополнително, слабата контрола на „ин-кинд“ (непаричните) донации (услуги, простор, работна сила) остава простор за скриени влијанија кои не се детектирани од јавноста. Во пракса, ова значи дека одредени партии можат да добијат непријавена предност, особено во општини каде медиумскиот надзор е послаб.

И наместо да алармира, Извештајот помина како добро завршена работа на ДЗР, алармирајќи ги надлежните институции овој пат да бидат повнимателни, особено политичките партии во заткулисните активности во пресрет на изборите. Затоа, не е погрешно ако се заклучи дека ризикот од понатамошна ерозија на довербата во изборниот процес е реален.

Што откри ревизорскиот извештај?

Ревизијата ја покри финансиската отчетност на 17 учесници во кампањата: пет коалиции и партија Левица (СДСМ‑водена Коалиција за Европска иднина, ВМРО‑ДПМНЕ‑водена Твоја Македонија, Храбро за Македонија, Европски фронт, ВЛЕН, ЗНAМ – За наша Македонија, и Левица).

  1. Недостаток на комплетност и точност

Дел од учесниците во изборната кампања не доставиле комплетно евидентирани податоци. Извештаите содржат неточности и непотполно документирани трошоци и донации, што е во спротивност со Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии.

  1. Платено политичко рекламирање

Платени политички реклами не биле правилно евидентирани во сите случаи, Имаше недостаток на јасна документација за распределба на државни средства и грантови во кампањите

  1. Донации после избори

Некои учесници продолжиле со добивање и пријавување на донации и по завршените избори

  1. Непочитување на законски рокови

Дел од субјектите доцнеле или воопшто не ги доставиле извештаите до надлежните институции

  1. Препораки за реформи и законодавство

ДЗР во извештајот препорача  измени во изборното и финансиското законодавство, воведување дигитализација на партиските финансиски извештаи и јасна класификација и контрола на донации.

Специфични недостатоци по учесници во изборната кампања 2024

Политички субјектКлучни недостатоци утврдени од ДЗР
ВМРО-ДПМНЕНедоволно образложени трошоци за рекламирање, недостасуваат договори со медиуми
СДСМДоцнење во пријавување на донации, делумно нецелосна евиденција на донирани услуги
ЛевицаНедоволна документација за трошоци за патни трошоци и промотивни материјали
ДУИНеконзистентност помеѓу пријавените донации и банкарските извештаи
ЗНАМ Недостасува фактурна документација за печатени материјали

Имено, вкупниот буџет за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година изнесуваше 386.710.000 денари од кои 244.769.000 денари (63,3% или 3.979.984 евра) се обезбедени од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање и исплатени на ДИК. Најголем дел од овие средства беа насочени кон коалициите „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА’’, „ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА“, „ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ и ВЛЕН.

ЦИВИЛ во изборниот мониторинг на политичкото финансирање

Кога зборуваме за изборни процеси, пред сè, во техничка смисла на зборот, се поставува прашањето колку тие ќе чинат. Колку од буџетот на државата ќе се обезбеди за изборите, колку за платеното политичко рекламирање, колку за релевантни институции инволвирани во спроведување на изборите.

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ во мониторингот на изборните процеси, а во контекст на изборните реформи, е токму политичкото финансирање.

Со измената во изборниот законик во февруари 2020 година, со распуштање на Собранието, во пресрет на предвремените парламентарни избори во јули, се овозможи донациите во пари и парични средства за финансирање на изборна кампања да се уплатуваат на трансакциската сметка најдоцна до денот на затварање на истата, односно 45 дена по објавување на конечните резултати од изборниот процес, измена направена во 2021 година, пред локалните избори.

ЦИВИЛ подготви анализа на политичкото финансирање за предвремените парламентарни избори во 2020, чии наоди, заклучоци и препораки, само еден мал дел се имплементирани, дел можеа да се имплементираат во новите измени и дополнување што беа предвидени во Изборниот законик, пред изборите во 2024 година. Но, сè она што беше предвидено за 2024 година, како препорака на ЦИВИЛ, но и на организацијата како дел од Работната група за изборни реформи, не стигна пред пратениците во Собранието на дневен ред. Она што тие, по скратена постапка го добија е Предлог–измени на Изборниот законик од група пратеници. Спорните 45 дена за затворање на трансакциската сметка останаа, а со оглед дека нови измени не се донесоа, таа и многу други препораки ќе останат и понатаму да се провлекуваат.

Препораките на ЦИВИЛ

Со оглед на фактот што се губи ефективноста на ограничувањето на износите за донации од причини што е дозволено префрлање на средства од редовната сметка кон изборната сметка, да се усогласат износите на донации кои се дозволени за редовната сметка и сметката за изборна кампања и да се оневозможи донирање на едно физичко или правно лице и на двете сметки.

Да се земат во предвид сугестиите на релевантните институции и засегнатите страни при пропишувањето на обрасците за извештаите кои учесниците во изборната кампања треба да ги доставуваат кон надлежните органи. Министерството за финансии е обврзано да ги пропишува обрасците за извештаите, но од причини што министерството не е корисник на истите не ги прибира и анализира, се поставува прашање дали пропишаните обрасци ги задоволуваат потребите на институциите што ги користат тие извештаи.

Да се задолжат партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страници. Иако во законот се предвидува партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страница, не сите партии ја почитуваат оваа одредба, па така се загрозува транспарентноста.

Извештаите да обезбедуваат споредливост. Имено задолжително да се изготвува Биланс на состојба во кој ќе се споредуваат два периода. Досегашните извештаи не обезбедуваат информации за постојните обврски, и подмирени обврски од минат период.

Институционализирање на овие препораки ќе помогне за зголемена отчетност и јавен надзор; јасно разграничување на партиски и државни ресурси; системски механизми за контрола и санкционирање на злоупотреби.

Дополнително, кога во прашање е буџетското финансирање, ЦИВИЛ за Изборната кампања политичките партии во медиумите треба целосно да се врати во партиите кои треба да ја финансираат кампањата од сопствени средства. ЦИВИЛ повеќепати во јавноста истакна дека сегашниот начин на државно финансирање претставува легализирана корупција на медиумите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ