• Latest

Мнозинството во Град Скопје: „Проблемот е во Арсовска, очекуваме оставка од неа, а не распуштање на Советот“

December 4, 2022
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мнозинството во Град Скопје: „Проблемот е во Арсовска, очекуваме оставка од неа, а не распуштање на Советот“

December 4, 2022 10:59
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката Данела Арсовска смета дека треба да има избори за Совет на Град Скопје, но нејзина оставка не е опција. Таа неодамна во дебатна емисија изјави дека потребни се локални избори на ниво на Скопје, доколку не се изгласа градскиот буџет до март, пренесува Локално.

„Доколку советниците одлучат дека не треба да поддржат функционален буџет за граѓани, за реализација на проектите и за модерно Скопје, тогаш, по автоматизам, нивниот мандат престанува и ќе си одат на локални избори и ќе си дојдат советници кои ќе работат во интерес на граѓаните. Меѓутоа, мој личен впечаток е дека таму има искусни луѓе, и во политиката и како советници, и никој не би понел таква политичка штета по нив“, рече Арсовска во емисијата.

 

Но што мислат советниците за ова тврдење на Арсовска, посебно советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која се уште го има мнозинството во Советот на Град Скопје?

 

Малиша Станковиќ, членот на Советот на Град Скопје од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во разговор за „Локално“ вели дека проблемот е кај градоначалничката.

 

Малиша Станковиќ

– Проблемот кој што е настанат во градот е благодарение на градоначалничката и проблемот е кај неа. Јас очекувам оставка од неа, а не распуштање на Советот, порачува советникот.

Околу евентуални нови избори за советници, Станковиќ прво би ја почекал оставката на Арсовска.

-Јас прво би почекал да дојде оставката на Арсовска, која што е неопходна, а после тоа би донеле одлука за евентуално наше распуштање од Советот. Немаме ништо против самораспуштање, меѓутоа сметаме дека проблемот не е во Советот, туку во неа за решавање на проблемите, истакнува соговорникот.

Станковиќ го коментираше и хаосот со јавниот превоз во градот и проблемите со приватните превозници. Според него, директниот виновник за ситуацијата е повторно раководството на Градот.

-Од она кое што можевме да го видиме во јавноста и според она што го добивме како информација како советници, дефинитивно проблемот е настанат заради односот кој што го имаше градоначалничката спрема и ЈСП, но и приватните превозници. Така да имајќи предвид дека оној кој што го има направено проблемот единствено е надлежен да го надлежи истиот, не можам да очекувам дека ќе се постигне решение до понеделник. Човекот кој што го направил проблемот е чудно да се очекува дека сега ќе го реши. Приватниците бараат некаков обид да не трпат граѓаните заради оваа состојба во која градоначалничката го стави градот, посочува Станковиќ.

Советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ и претседател на МААК, Страшо Ангеловски смета дека е прерано да се зборува за вонредни избори за членови на Советот на град Скопје, бидејќи Предлог-буџетот за 2023 година се уште не стигнал до советниците.

 

Страшо Ангеловски

-Доколку предложениот Предлог-буџет не соодветствува со нашите заложби за Скопје, современ и функционален град, па како таков не биде изгласан, дури тогаш можеме да размислуваме на таа тема. Но,членовите на Советот, доколку навистина размислуваат во интерес на градот и граѓаните, имаат можност заеднички, без разлика на која советничка група припаѓаат, со сопствени амандмани на Предлог-буџетот, да искреираат Буџет со кој на Скопје ќе му биде овозможено да се развива, вели Ангеловски во разговор за „Локално“, додавајќи дека тоа може да се слули доколку градоначалничката Арсова тенденциозно предложи Буџет кој би бил неприфатлив за членовите на Советот, со единствена цел негово неизгласување, распуштање на Советот и нови избори.

Советникот смета дека повторените избори не би донеле голема промена во односот на силите, а скапо би го чинеле градот, па најдобро е, според него, да се потиснат суетите, да се обнови меѓусебната комуникација, да се координираат активностите и заеднички да се работи во интерес на градот и граѓаните.

-Последната вонредна седница на Советот, кога во една разумна атмосфера се донесоа многу битни одлуки, со компромиси ретки до сега, покажува дека тоа е можно, порачува Ангеловски.

Советникот предлага во духот на компромис и потиснување на суетите, да се реши и проблемот со јавниот превоз, бидејќи Скопјани не заслужуваат да бидат жртви на лични нетрпеливости, суети и реваншизми, зашто Скопје е нивна сопственост, на граѓаните.

-Не е сопственост ниту на кој и да е градоначалник, кој и да е советник, кој и да е директор. Уште помалку е сопственост на нивните лични интереси или фрустрации, оценува Ангеловски.

Ирена Витина, советничка во Град Скопје која делуваше како дел од координативната група на ВМРО-ДПМНЕ, но од неодамна дејствува како самостојна, смета дека не се работи за барање од страна на градоначалничката, туку за Законска регулатива и од волјата на мнозинството во Советот на град Скопје. Таа во разговор за „Локално“ вели дека Законот изричито пропишува во кои услови се распишуваат предвремени избори за избор на советници во Советот на град Скопје.

 

Ирена Витина

-Јас како Советник во градот Скопје кој дал и дава поддршка на програмата на Градоначалничката Данела Арсовска „За модерно Скопје“, а со оглед на фактот што буџетот на Град Скопје се изготвува врз основа на оваа програма и секако со наше активно вклучување, давање наши сугестии и барања кои ги добиваме од граѓаните со коишто комуницираме при изготвување на буџетот на Град Скопје за 2023 година секако дека ќе дадам поддршка во донесување на истиот. Но, за да се донесе буџетот на Град Скопје за 2023 година зависи од волјата на мнозинството.
Ако мнозинството го поддржи донесувањето на буџетот без притоа да подметнува и да блокира како што беше случај со последниот ребаланс на буџетот за 2022 година, во тој случај не би се поставувало прашањето за предвремени избори за избор на Советници во Градот Скопје и бил исполнет членот 28 од Законот за финансирање кој гласи: (1) Советот на општината го донесува буџетот за наредната година најдоцна до 31 декември во тековната година.

(2) Доколку советот на општината не го донесе буџетот на општината до 31 декември во тековната година, тогаш должен е да донесе одлука за времено финансирање и финансиски план за нејзино спроведување за период од 1 јануари до 31 март за тековната година (во овој случај за 2023 година), ни објасни Витина.

На прашањето дали би прифатила самораспуштање на Советот доколку Арсовска поднесе оставка, советничката вели дека градоначалничката јасно и децидно го искажа својот став во однос на нејзината оставка со што не се исполнети условите за предвремени избори за градоначалник.

– Во однос на распуштањето на Советот и изборот на нови советници, согласно членот 75 од Законот за локална самоуправа (1) Советот се распушта, ако:

1. Повторно го донесе прописот што претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд на Република Македонија; 2. Донесе одлука со која се загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија; 3. Не се состане за период подолг од шест месеци и 4. Не го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година;

(2) За настапувањето на еден од условите од ставот (1) на овој член, градоначалникот е должен веднаш да го извести министерството надлежно за вршење на работите од областа на локалната самоуправа.

Доколку мнозинството не го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година, тогаш е јасно дека по сила на Закон ќе се оди на предвремени избори за советници во Советот на град Скопје, информира Витина.

Блокадите во функционирањето на градот и јавните претпријатија се случуваат откако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ѝ дава поддршка на градоначалничката, истакнува Попова за проблемот со јавниот градски превоз. Советничката смета дека и позади оваа блокада во овој случај на приватните превозници постои политичка позадина.

-За потсетување обидот за блокирање на јавниот превоз во Скопје првично започна со штрајкот во ЈСП за кој штрајк сме сведоци дека исто така имаше политичка заднина. Откако овој план за блокада не успеа на ред дојде планот Б и самите сме сведоци што се случува. Што би се случило доколку сите приватни или државни фирми кои имаат ненаплатен долг од други фирми или институции излезат на улица и блокираат во секој град во Република Македонија. За жал од мешањето на политиката со блокади, подметнувања, хушкања и деструктивност најголема штета трпат граѓаните во градот Скопје, порачува Витина.

Н.П.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Данела АрсовскаМалиша СтанковиќСовет на Град СкопјеСтрашо Ангеловски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ