Министерството за надворешни работи ги демантираше информациите што излегоа во медиумите дека Теута Арифи не била прифатена од Брисел за амбасадорка на Република Северна Македонија во ЕУ.„Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор“, соопштуваат од МНР.
Со информацијата, од доверливи извори, како што наведуваат, излезе МКД.мк, а веста ја пренесоа повеќе медиуми.
„Предлогот на македонската влада за амбасадор во ЕУ, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи, истакната членка на ДУИ, не го поминал филтерот на Европската Унија, дознава МКД.мк од доверливи дипломатски извори.“, се вели во текстот „Теута Арифи не помина за амбасадорка ни во ЕУ“