• Latest

МНР ги објави Препораките на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

August 15, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МНР ги објави Препораките на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

August 15, 2022 14:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи денес, на својот вебсајт ги објави Препораките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Препораките за заедничко одбележување на историски личности  од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоилкои, кои ги усвои Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања се следните:

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на
христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.

Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во
засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Северна Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.

До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се
истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св.
Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар Симеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура.

Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал,
како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св. Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици. Меѓу нив,
Св. Наум (околу 830-910) учествувал во Великоморавската мисија, од каде што по смртта
на Св. Методиј и прогонувањето на неговите ученици, тој пристигнал во средновековна
Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Плисковско-Преславската книжевна школа.

Околу 893 г. е испратен од цар Симеон во Охрид, каде што ја продолжува
просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа и гради
манастир на брегот на Охридското езеро, којшто денес го носи неговото име. По неговата смрт, култот на Св. Наум се утврдува на териториите на денешните држави Република Северна Македонија, Република Бугарија и соседните земји. Подоцна неговиот култ се распространува и кај дел од муслиманското население.

Просветителското дело и придонесот на Св. Наум за развојот на писменоста и културата
на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, им даваат основа на двете
земји да го негуваат споменот за неговото дело, преку заедничко одбележување при
соодветни годишнини и јубилеи.

ЦАР САМОИЛ

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од
современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на
денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и
населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави
Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања ги усвои следните  препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија:

Констатирани се извесни недостатоци односно можности за подобрување во учебниците по историја за 5-ти клас на Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија. Со оглед на тоа, се препорачува избегнување на:

– неосновани историографски сугестии за античката историја,

– недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не
соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,

– фактографски непрецизности.

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:

1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад
од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе
создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.

2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“,
или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба
во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.

3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.

4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид
водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на
пример Дарданците).

5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и
поставените методски цели.

Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна
Македонија:

1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците
ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во
регионот.

2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска
држава содржат историски анахронизам.

3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и
средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна
Република Северна Македонија се неосновани.

4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку
соодветствуваат на конкретен временски период.

5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид
водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како
на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ