Руските окупатори ги репресираат жителите на градот. Конкретно, тие на 21 март отворија оган врз мирните демонстранти на Плоштадот Слобода, при што беше повреден еден постар човек. Во позадината на обидите за потиснување на граѓанскиот отпор, руската окупациска администрација се обидува да создаде окупациски тела на самоуправа, соопштуваат од украинското МНР.
Хуманитарната состојба рапидно се влошува. Поради блокадата, градот има критичен недостиг од храна и лекови. Посебен ризик се новороденчињата за кои недостига храна за бебиња и средства за хигиена, како и тешко болни лица. Во Херсон исто така има околу стотина странски студенти, пред се од земјите од Африка, велат од министерството.
И покрај напорите на украинската влада и меѓународните хуманитарни организации, Руската федерација во моментов одбива да формира хуманитарен коридор за евакуација на цивили и испорака на храна. Секој ден градот се приближува до хуманитарна катастрјфа.
МНР на Украина ја повикува меѓународната заедница да преземе решителни мерки против Русија, вклучително и воведување нови болни економски санкции за да ја принудат РФ да ја укине блокадата на Херсон и другите украински градови и создавање на услови за безбедно заминување на украинските и странските граѓани.
Ги повикуваме владите на странските држави чии граѓани руската армија ги држи како заложници во Херсон да го зголемат политичкиот притисок врз Москва, велат од министерството.