• Latest

Мојата претседателска кандидатура

February 24, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мојата претседателска кандидатура

February 24, 2019 13:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да бидам претседател на Државата. Сакам да бидам претседател на Државата во која приоритет е Човекот, а императив  за  владеење и однесување  е  почитувањето на  човековите права. Сакам да бидам претседател на Државата во која живеат Луѓе. Сакам да бидам претседател на Државата во која народните пратеници ќе бидат гласот на луѓето.

Фросина Митрушева

Сакам да се бидам претседател на Државата во која Владата не владее, туку ги услужува граѓаните. Која  одговорно управува со нивните средства за да ги развива основните сегменти кои ја дефинираат: правото, образованието, здравството, развивањето на економијата и инфраструктурата.

Сакам да бидам претседател на Државата во која владеат правото и правдата. На Државата во која  правдата е преточена во законите кои го дефинираат правото. На држава во која судијата ќе суди според правото и правдата. На Државата во која толку се важни правото и правдата што на граѓаните ќе им биде срам да не ги почитуваат. Каде судиите ќе имаат многу малку работа.

Сакам да бидам претседател на Државата во која образованието е приоритет . Во Државата во која професорите со радост и љубов одат на работа. Во која децата сакаат да одат на училиште. За да учат со радост. За да ја покажат својата посебност и дарба. За да научат од посебноста на другите. За да ги откријат и развијат своите способности и вештини кои ќе им го направат среќен и исполнет животот после детството и раната младост. За да стекнат доживотни безусловно прекрасни пријателства. За да се смеат. За да бидат исполнети. Но и да научат и дека имаат одговорност не само кон себе туку и кон другите, кон природата, кон заедницата во која живеат.

Сакам да бидам претседател на Државата во која лекарите и пациентите ќе се почитуваат меѓу себе. Каде здравствените работници работат заради желбата да им помогнат на луѓето. Каде се насмеани, позитивни, спремни секогаш и секому да помогнат со своето знаење. Кои исцелуваат и влеваат верба и надеж. Каде пациентите веруваат дека ќе ја добијат вистинската дијагноза, вистинскиот лек и вистинскиот збор.

Сакам да бидам претседател на Државата во која ќе бидат изградени инфраструктурни и економски услови во малите живописни градови и села за луѓето да сакаат да живеат таму. Каде сите се познаваат и се дружат и ги живеат своите радости заедно.

Сакам да бидам претседател на Државата во која луѓето се разбираат меѓу себе. Каде разговараат гледајќи се во очи. Каде не водат разговори меѓу глуви. Го почитуваат туѓото различно мислење и учат од него. Каде разменуваат идеи. Каде имаат верба еден во друг. Каде се среќни кога ќе се сретнат.

Сакам да бидам претседател на Државата во која ќе има мајстори кои се среќни што некому му ја поправиле колата, водоводната цевка, електриката, масата која му се клатела, чевлите кои многу ги сака ама му се отпарале, му изградиле куќа. Му помогнале со својата вештина и го направиле среќен.

Сакам да бидам претседател на Државата во која уметниците се среќни што им го збогатиле животот на своите сограѓани.

Сакам да бидам претседател на Државата во која завршените студенти ќе го работат тоа што го научиле и ќе бидат среќни да го применат стекнатото знаење за да го подобрат уште повеќе квалитетот на својот и животот на другите.

Сакам да бидам претседател на Државата во која селаните ќе бидат горди што одбрале толку благородна работа која го прехранува населението.

Сакам да бидам претседател на Државата која е зелена и во која се дише.

Сакам да бидам претседател на Државата која сјае денеска и ќе сјае утре.

Јас сум мрзелив човек. Сакам да бидам претседател на Државата во која секој ги знае и почитува своите обврски и чесно и одговорно ќе си ја работи својата работа, а јас да шетам по светот и да се гордеам кога со тон на восхит ќе ми речат: „О, ти си Претседател на малата Држава на задоволни и среќни луѓе.“

Многу сакам да бидам претседател на Државата.

И така, кога овде, на единственото место каде сум јас на своето, каде ги живеев сите мои среќни мигови, каде се луѓето со кои ги живеев тие мигови, но и со кои ги изодев сите трнливи патишта,  ќе се создаде Државата, ќе пробам да соберам 10.000 потписи и ќе ја поднесам својата кандидатура за Претседател.

Во наредниот живот, можеби.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share335Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ