• Latest
Фото: Скриншот

Молдавската претседателка Санду како прва оди во вториот круг од претседателските избори, победувајќи по „нефер борба“

October 22, 2024
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Молдавската претседателка Санду како прва оди во вториот круг од претседателските избори, победувајќи по „нефер борба“

October 22, 2024 14:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Молдавската претседателка Маја Санду беше прва во првичниот круг од претседателските избори во земјата на 20 октомври со 42 отсто од гласовите, квалификувачќи се за вториот круг на 3 ноември, објави молдавската изборна комисија.

Про-ЕУ Санду ќе се соочи со нејзиниот главен конкурент, Александр Стојаногло, кој е поддржан од проруската партија на социјалистите и доби приближно 26 отсто од гласовите во првиот круг.

Гласачите со тесно мнозинство на референдумот ја потврдија патеката на земјата кон пристапување во Европската унија со промена на молдавскиот устав. Прелиминарните резултати покажуваат дека про-ЕУ гласачите победија со мала разлика, обезбедувајќи 50,16 отсто од гласовите наспроти 49,84 отсто кои гласаа „не“, соопшти изборната комисија на земјата.

„Народот на Молдавија зборуваше: нашата иднина во ЕУ сега ќе биде закотвена во уставот“, рече Санду на X. „Ние се боревме праведно во нефер борба – и победивме. Но борбата не е завршена. Ќе продолжиме да притискаме за мир, просперитет и слобода да ја градиме сопствената иднина“.

Резултатите се базирани на 99,5% од преброените гласови.

Резултатите од изборите се извалкани од обвинувањата за руско мешање, при што молдавските пратеници тврдат дека Москва потрошила милиони долари во кампања за соборување на Санду и неизгласување на референдумот за ЕУ.

Молдавските власти тврдат дека над 15 милиони американски долари руски средства наводно биле префрлени на над 130.000 Молдавци, при што гласачите добиле инструкции како да го дадат својот глас на изборите. Прорускиот олигарх Илан Шор, молдавско-израелски тајкун, беше обвинет за перење пари и оркестрирање на мрежата, и покрај тоа што неговата политичка партија е забранета.

Санду го осуди наводното мешање во говорот во нејзиниот изборен штаб на 20 октомври.

„Имаме јасни докази дека овие криминални групи имале за цел да купат 300.000 гласови“, рече таа, според Европска правда.

Санду ја нарече шемата „измама од невидени размери“.

Напорите на Кремљ се дел од поширокиот обид да се поткопа прозападното раководство на Молдавија. Тензиите меѓу Москва и Кишињев се зголемуваат од февруари 2022 година поради стравувањата дека руската војна во Украина може да се прелее во Молдавија преку Придњестровје, непризнаена отцепена територија окупирана од руските војници од 1991 година.

Санду, прозападна политичарка, исто така, претходно ја обвини Москва за заговор за соборување на нејзината влада со обид за државен удар.

САД, Велика Британија и Канада предупредија на потенцијалното руско мешање во изборите во Молдавија во заедничката изјава објавена на 13 јуни.

„Ако руското мешање во изборите се покаже како неуспешно во Молдавија, постои причина да се верува дека Москва ќе работи на поттикнување протести“, се вели во соопштението.

Набргу по предупредувањето, Санду одобри измени во законите за предавство во земјата, дозволувајќи им на некои закони за предавство за време на војната да се применуваат на мирно време, како и продолжување на казните и создавање нова категорија закони за помош на странска држава.

Молдавија ги започна преговорите за пристап во ЕУ во Луксембург на 25 јуни, денот кога Украина ги започна своите долгоочекувани преговори за членство. Референдумот на 20 октомври, доколку биде усвоен, ќе го измени уставот на Молдавија за формално да го вклучи пристапот на земјата во ЕУ.

М. Д.

Tags: Маја СандуМолдавијаПретседателски избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ