„Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес – сите да работиме заедно, бидејќи имаме заедничка цел: да ги заштитиме учениците од врсничко насилство“, велат од Министерството за образование и наука. Од МОН додаваат дека се посветени на борбата против насилството во училиштата, затоа што веруваат дека образовните установи треба да бидат сигурни места, каде децата и младите безбедно ќе учат и ќе се дружат.
„Само ако целото општество се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство, можеме да успееме.
Проблемот на врсничкото насилство ниту е нов, ни може магично да се реши. Тоа е комплексен и сериозен проблем. Министерство за образование и наука работи на зајкнување на постоечките процедури и постапки за функционирање на системот на заштита на децата во училиште. За да успееме, потребна ни е помош од сите кои добронамерно сакаат да излеземе како победници во борбата со ова зло“, потенцираат од МОН.
Од министерството велат дека разбираат дека родителите со право се вознемирени, бидејќи сите сме вознемирени – сликите од соседството се застрашувачки. Но, велат, да не дозволиме децата да бидат залог во манипулативни обвинувања и да се отргнеме од се што не нѐ води напред.
„Како општество можеме да ги заштитиме нашите деца, ако сите заедно, и во семејствата и во училишните колективи, им пристапиме на децата како на најголема вредност. Да почнеме со јакнење на довербата родител-ученик и наставник-ученик.
Како Министерството, ќе преземе сѐ за да ја зајакнеме воспитната компонента на образовниот процес и да им помогнеме на наставниците и стручните кадри во надградба на капацитетите за препознавање и спречување на насилство“, велат од МОН.