• Latest

МОН ги повикува средните стручни училишта и компаниите да се пријават за грантови на Германската развојна банка

February 23, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН ги повикува средните стручни училишта и компаниите да се пријават за грантови на Германската развојна банка

February 23, 2021 15:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

На средните стручни училишта и компаниите им стануваат достапни финансиски средства за опремување н работилници и лаборатории неопходни за реализирање практична настава и дуално образование преку Регионалниот фонд за предизвици.  

Фондот функционира со овластување од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој и е поддржан од Германската развојна банка (KfW). Има цел да ја зајакне важноста на пазарот на трудот во однос на стручното образование и обука преку инвестиции во опрема и инфраструктура за субјектите кои обезбедуваат обука и кои учествуваат во заеднички активности за обука со партнерските претпријатија. 

Како што соопшти МОН, на вебинар организиран од Регионалниот фонд за предизвици, кој дејствува во рамки на Инвестицискиот форум на коморите од Западен Балкан, беше промовиран првиот повик за изразување интерес за финансирање проекти за соработка поврзани со стручно образование и обуки.  

Министерката  Мила Царовска очекува ова да даде нов поттик за нивна поинтензивна соработка, со цел квалитетно стручно образование на учениците. Во обраќање на вебинарот таа нагласи дека Регионалниот фонд ќе внесе нова динамика затоа што влезот на финансиски средства и можноста да бидат поддржани идеите на училиштата и компаниите  ќе ја поттикне соработката меѓу нив и ќе се види дека бенефит од овој процес имаат и компаниите и училиштата, а резултатот се остручени ученици.  

„Средставата ќе може да се употребат за реализација на проекти поврзани со набавка на опрема, обуки на ментори и се друго што е потребно за квалитетно реализирање образовни програми во стручните училишта. Финансиската поддршка ќе овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование“, наведува МОН во соопштението.  

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, Министерството за образование и наука веќе реализира консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година.

„Пред нас стојат многу предизвици, како опремата во училиштата, екипираноста во компаниите по однос на менторите, но предизвик е и да го вратиме сјајот на средното стручно образование кој низ годините е изгубен и сега се обидуваме да ја вратиме неговата вредност. Станува збор за менување на перцепцијата на родителите и на учениците кон средните стручни училишта. Тие треба да бидат полни со ученици за да очекуваме како излезен резултат стручни ученици, кои потоа ќе можат да се вклучат во работните процеси“, нагласи Царовска.

Во истражување направено од МОН и Стопанската комора, 85 проценти од 450 компании од цела држава кои учествувале во анализата,  изразиле подготвеност да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава. Царовска на вебинарот информираше дека во тек е процес на врзување на компонентите, училиште со компанија, со цел успешно реализирање на стручното образование. Следниот предизвик, додаде министерката, ќе биде стипендирањето на учениците со цел да се поттикнат да се запишат во овие училишта./МИА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ