• Latest

МОН ќе формира Национално координативно тело за реформи во високото образование, првични резултати од работата за година и половина

August 2, 2024

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН ќе формира Национално координативно тело за реформи во високото образование, првични резултати од работата за година и половина

August 2, 2024 08:22
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука ќе формира Национално координативно тело за реформи во високото образование чија цел ќе биде преку инклузивен процес да направи план како да се подобри квалитетот на високообразовниот систем во земјава, односно кои мерки треба да се преземат во иднина за да се достигнат повисоки образовни стандарди.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во, „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ Сител соопшти дека првичните резултати на ова тело ќе бидат видливи за година и половина.

Таа ја образложи последната одлука на Владата со која МОН се задолжува да формира времено тело кое ќе треба да се справи со хиперпродукцијата на високообразовни установи во државата и ќе ги предводи промените што ќе се случат за да се унапреди квалитетот на високото образование.

-Ова тело ќе направи сеопфатна проверка на сите високообразовни установи во државата, и државни и приватни без исклучок. Ќе се проверува почитувањето на законите, просторните и кадровските капацитети, начинот на кој се изведува високото образование и научната дејност, бројот на студенти и така натаму. Ќе носиме заклучоци и сугестии по кои ќе треба да постапуваат чинителите на високообразовниот систем, рече Јаневска додавајќи дека наскоро ќе има конститутивна седница со сите предвидени членови, со кои заедно ќе бидат поставени целите и ќе се дефинира правилник за работа, рече Јаневска.

Таа информираше дека во земјава има повеќе од 40 високообразовни установи – универзитети, институти и високи школи кои, како што рече, за жал, не покажуваат квалитет и состојбите мора да бидат променети. Смета дека нема да настане конфликт со академскиот кадар, затоа што вели, факт е дека квалитетот на високото образование е драстично опаднат и постојат идентични ставови дека неопходни се добро осмислени крупни промени.

Јаневска соопшти дека МОН ќе направи анализа на потребите на пазарот на трудот и посочи дека откако ќе се направи ќе може да се зборува за реалните квоти на универзитетите, на факултетите кои му се потребни на пазарот на трудот.

-Откако ќе ја направиме, ние ќе видиме колку потреба имаме од какви високи образовни кадри и тоа ќе го понудиме на универзитетите. Јас верувам дека нашите универзитети можат да имаат и поголеми капацитети, но ние имаме  се помал број на студенти. Дополнително, високо образовните кадри, нашите професори од универзитетите гледаат дека ние, де факто, имаме проблем со средно стручен кадар. Луѓето се жалат дека не можат да најдат мајстор, готвач итн. Треба кариерно советување на младите за да знаат да се усмераат и да ги знаат можностите на пазарот на трудот и сето тоа треба да се направи. Но, јас сум среќна што ние почнавме отворено да зборуваме за овие проблеми. Во некои изминати периоди подолгорочни имаше еден натпревар меѓу универзитетите и факултетите кој повеќе студенти ќе запише, а не кој ќе произведе поквалитетни кадри ќе произведе. Но, тоа време е поминато. Ние мора да се помириме и не гледам што е проблем што на одреден број на факултети се намалува бројот на студенти, значи природно почнал да се намалува, рече таа.

Министерката Јаневска нагласи дека проблемот во реформите во образованието е што секогаш тие биле избрзани и што никогаш не воделе грижа да бидат вклучени сите чинители на образованието и да ја прифатат таа реформа или промена како сопствена и своја. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ