• Latest

МОН со зголемена финансиска поддршка за стипендирање,  вклучително и за студентите од регионот со потекло од Северна Македонија

September 15, 2021
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН со зголемена финансиска поддршка за стипендирање,  вклучително и за студентите од регионот со потекло од Северна Македонија

September 15, 2021 12:19
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Политиките за стипендирање кои ги спроведува Министерството за образование и наука (МОН) оваа година се ревидирани и значително унапредени во насока на обезбедување поголема поддршка од досегашната и тоа на што поголем број студенти. Воведени се низа нови типови на стипендии, а воедно зголемен е износот на речиси сите категории кои досега се доделуваа, вклучително и за студентите од регионот кои имаат потекло од Република Северна Македонија и сакаат да студираат тука, соопшти МОН.

Оттаму посочуваат дека и годинава МОН обезбеди 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција и тоа за додипломски студии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Мајка Тереза“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Преку конкурсот кој беше објавен на почетокот на минатиот месец, кандидатите доставуваа пријави во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во државите во кои тие живеат. Износот на овие стипендии, како што наведуваат, годинава е зголемен за над 80 проценти, односно месечната стипендија од 3.300 денари се зголеми на 6.050 денари и продолжува да се исплаќа девет месеци во годината.

– Интензивирањето на соработката во сферата на образованието со македонските заедници од регионот е високо на агендата на МОН. Ова беше потенцирано и на последната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претставниците на македонската заедница во Албанија, минатата година во декември, кога се дискутираше за важноста на блискиот контакт меѓу сонародниците, како и за програмите за соработка и за стипендирањето на младите кои живеат на територијата на нашиот западен сосед, а имаат македонско потекло и желба за студирање во РСМ, нагласуваат од МОН.

Минатата академска година, потсетуваат, ваков тип на стипендии им беа доделени на 20 студенти од Албанија, кои се запишаа на некој од нашите државни универзитети.

– Дополнително, директна поддршка во форма на стипендии обезбедуваат и дел универзитетите. Па така, од 2015 година до сега, Универзитетот „Гоце Делчев“ доделил 15 стипендии за магистерски студии на студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија и согласно информациите од универзитетот овие можности за стипендирање ќе бидат достапни и во иднина, се вели во соопштението.

МОН, додаваат, ќе ги продолжи и ќе ги интензивира заложбите за отворање на државните универзитети за што повеќе студенти од регионот со потекло од РСМ, овозможувајќи им уписи на сите три циклуси на студии.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ