• Latest

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар?

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025 14:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатите за градоначалници деновиве ја презентираа својата изборна програма, фокусирајќи се на инфраструктурни подобрувања, спортски и еколошки проекти, како и услуги за ранливите категории граѓани.

Меџити ќе инсталира модерни лифтови во стари згради во Чаир

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради со четири и пет спратови во Чаир.

Меџити потенцира дека првичната анализа говори дека постојат технички услови, нагласувајќи дека без никакви поголеми интервенции може да се изградат и инсталираат 81 лифт наменети за 81 влез во 31 зграда.

„Независни заедно“: Возобновување на СРЦ Кале и ефикасни политики за управување со отпадот

Некогашниот бисер на градот, Спортско-рекреативниот центар Кале, е руиниран и пред распаѓање, а просторот околу него е претворен во дива депонија која се наоѓа на околу 300 метри воздушна линија од Владата на Република Македонија и во срцето на Општина Центар. Од тука испраќаме порака дека СРЦ Кале треба да добие сосема друга улога од оваа што ја има денес,  изјавија кандидатите од Граѓанската платформа „Независни заедно“.

Билјана Ивановска, независен кандидат за градоначалник на општина Центар од „Независни заедно“ истакна дека во Центар ќе се промовира здравјето на граѓаните, а спортот, рече, е еден од условите да го одржуваме нашето здравје.

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Кандидатот за втор градоначалнички мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети пензионерот Благоја Јошевски, корисник на услугата „Итно копче“. Јошевски, кој живее сам, истакна дека токму оваа услуга му дава сигурност и мир, бидејќи секогаш може да побара помош со едно притискање на копче. Оваа бесплатна услуга, реализирана во соработка со Црвениот крст, во Центар ја користат 23 лица над 65 години, кои живеат сами или се со нарушено здравје, се наведува во соопштението од кандидатот за градоначалник на СДСМ Горан Герасимовски.

„Итно копче се користи во кризни ситуации и може да спаси живот. Со едно притискање се алармираат службите за брза реакција и итна медицинска помош,“ рече Герасимовски.

Коалиција за зелена иднина: Тораница и Крива Река – доказ за владината и локалната негрижа

Коалицијата за зелена иднина реагира со најостра осуда на повторното заматување на Крива Река и на сомнежите за нова хаварија во рудникот „Тораница“. Доколку се потврдат информациите за истекување на јаловина и/или други токсични супстанци, тогаш ќе имаме пред себе еколошка катастрофа која очигледно ќе остане неказнета само затоа што институциите избрале молк како „одговор“. Централната и локалната власт покажуваат системска неспособност и отсуство на политичка волја кога станува збор за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението од Коалицијата за зелена иднина.

Османи: Ревитализација на спортските сали и изградба на нови терени за граѓаните на Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ги презентираше конкретните спортски проекти предвидени во неговата изборна програма, нагласувајќи дека приоритет ќе биде целосната ревитализација на спортската инфраструктура и создавање достапни спортски зони за сите граѓани, се наведува во  соопштението од ДУИ. Османи најави дека најпрво ќе се започне со реконструкција на постојните спортски сали и терени, со цел тие повторно да станат достапни за спортистите и граѓаните на Чаир.

„Спортската сала ‘Енвер Идризи’ во Серова, со сите неопходни подобрувања што ќе овозможат понуда и спортски услуги согласно стандардите. Спортската сала ‘Васил Главинов’, итна интервенција, иако знаете дека ‘Васил Главинов’ е дел од големиот проект на Мишел Ројкинд, кој опфаќа ново училиште, нова градинка, подземен паркинг и детско игралиште“, изјави Османи.

Митевски: Нови спортски центри и забавен парк во Петровец

Кандидатот за градоначалник на Петровец, Борче Митевски, во гостување на Радио Лидер, говореше за поддршката што ја добива од граѓаните, без разлика на политичката, етничката или националната припадност. Митевски истакна дека во деловите со мнозинство на албански граѓани победува со 10 спрема 1, бидејќи тоа што го ветува и го реализира, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во следните 4 години, Митевски најави нов забавен парк во училиштето во вредност од 4 милиони денари, каде што има и теретана на отворени и спортски терен. Планирано е да се направи и терен за баскет со трибини, како и терен за фудбал со вештачка трева.

„Тоа ќе биде еден мини спортски центар, каде што ќе можат граѓаните од најмала возраст до поголема возраст, сите да бидат во тој круг, бидејќи е голема површината и место каде што сите ќе го најдат својот мир, а младите да се забавуваат’’, најави Митевски.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ