• Latest

Мониторинг (ИЕ4): Партиски набљудувач заинтерсиран за етничко потекло, семејно гласање, агитација, граѓани со повредено право на глас

August 1, 2020
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мониторинг (ИЕ4): Партиски набљудувач заинтерсиран за етничко потекло, семејно гласање, агитација, граѓани со повредено право на глас

August 1, 2020 17:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборна единица 4 ги опфаќа општините Могила, Новаци, Прилеп, Кривогаштани (12 избирачки места), Битола (11 избирачки места), Кавадарци, Росоман, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и Конче . Во оваа изборна единица гласале 170,037 или 60,19 % од вкупниот број на гласачи.

Според официјалните конечни резултати, објавени од Државната изборна комисија во Изборната единица 4 Коалиција ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати и Коалиција „Можеме“ 10 мандати. Во ИЕ 4, Коалиција Можеме доби 77.195 гласови, а Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ 74.478 гласови.

Во обработените извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ што набљудуваа во ИЕ 4 забележани се 65 нерегуларности во повеќе категории. Според класификацијата на настани, забележани се пред сè проблеми со незаконито работење на органите на Државна изборна комисија, како и незаконито однесување на гласачите/граѓаните и на набљудувачите и неизбежните пријави за непочитување на протоколите за заштита од корона вирусот.

Избор од извештаите од мониторингот во ИЕ4

Набљудувач на политичка партија (набљудувачот на ЦИВИЛ не можел да идентификува од која партија доаѓа), во ИМ 1455, Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп, непристојно јадел на местото за набљудувачи. Кога го забележал набљудувачот на ЦИВИЛ, прашал за националноста на претседателот на организацијата, Џабир Дерала, со зборовите „Торбеш или Шиптар?“.

Во Избирачкото место (ИМ) 1417, ОУ „Кире Гаврилоски“, Прилеп, член на избирачкиот одбор (партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ ) не му дозволил на набљудувачот на ЦИВИЛ да набљудува во ова избирачкото место. Забелешка за овој настан направиле набљудувачот на МОСТ и партиските набљудувачи од СДСМ.

Во ИМ 1582, У.С.О „Коста Сусинов“, Радовиш, гласач не бил пронајден на Избирачкиот список. Избирачкиот одбор го препратил во ОИК, но тој револтирано рекол дека нема потреба, бидејќи нема да гласа.

Во ИМ 1380/1, ООУ “Блаже Конески“, Прилеп, се случиле недоразбирања и расправии во Избирачкиот одбор. Се расправале каде да седат, не знаеле каде и како да седат, на колкаво растојание. Расправии и во однос на распределба на надлежностите. Настанало недоразбирање кој да ги проверува личните карти на гласачите, кој да ги бара гласачите во Избирачкиот список за потпис, кој да прска со спреј, кој да биде на УВ ламба. Избирачкиот одбор недоволно или воопшто не бил запознаен со обврските.

Во ИМ 1371, ОУ Кочо Рацин, Прилеп, избирачкиот одбор дозволил гласач да гласа со неважечка лична карта. Доцна приметиле и реагирале дека не требало, но на крајот му дозволиле да го стави гласачкото ливче во кутија.

Во ИМ 1801, ОУ „Гоце Делчев“, Василево избирачкиот одбор на глас ги читал имињата на гласачите, по неколку пати. Просторијата каде што било сместено ова избирачко место била многу мала, па еден член од избирачкиот одбор бил задолжен и за гласачките ливчиња и за гласачката кутија.

Во истото училиште во село Василево, но во ИМ 1801/1 гласач дошол со придружба. Придружникот никој не го идентификувал, а тој влегол зад параванот и гласал.

Во избирачко место 1447 во Мало Коњари, Прилеп, гласач со истечена лична карта не гласал. Избирачкиот одбор сакал да дозволи, но еден од членовите од Избирачкиот одбор што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, не дозволил. И покрај дискусијата тој го имал одлучниот збор.

Во 1402, ОУ „Добре Јованоски“, Прилеп, гласач бил прснат со спреј на левиот палец, а му бил проверен со УВ ламба десниот палец.

Во ИМ 1739, ОУ „Санде Масев“, Струмица, еден гласач не можел да го оствари своето гласачко право бидејќи не бил на Избирачки список. Гласачот бил револтиран, рекол дека се јавил во ОИК пред недела дена и таму му потврдиле дека ќе биде на Избирачкиот список. Гласачот пред една година се вратил од странство и сакал навреме да ги среди сите обврски за да го оствари своето гласачко право. На крајот заминал без да гласа.

Во ИМ 1837, ОУ „Маршал Тито“, Струмица, гласач си добил гласачко ливче си гласал, без да биде идентификуван, пред поаѓање, избирачкиот одбор го вратил за да го праша дали му ја вратиле личната карта, на што гласачот одговорил дека не му била побарана. Ја извадил од задниот џеб и рекол ако сакаат можат и сега да го проверат.

Во ОУ „Кире Гаврилоски“, Прилеп, каде се сместени избирачките места 1414 1415 1416 1417, гласач влегол на гласање со огнено оружје, по излегување во дворот на училиштето физички нападнал друг гласач, на што интервенирала и полицијата.

Во ИМ 1721, Детска градинка, Струмица, гласач влегол со заштитна маска со симбол на политичката партија СДСМ. Избирачкиот одбор го предупредил, по што тој ја извадил, ставил друга маска и му било дозволено да гласа.

Гласач, по завршување со гласањето се задржал пред избирачкото место и на другите гласачи што чекале, им кажувал за кого да гласаат, покажувајќи кон број 14 (ВМРО-ДПМНЕ), со што го прекршил изборниот молк.

Во ИМ 1788, Културен дом, село Сушица, Ново Село, маж и жена гласале заедно зад ист параван (семејно гласање).

Во ИМ 1456, Ученички дом „Народен херој „“Орде Чопела“, Прилеп, при влегување во просторијата за гласање, гласач се консултирал со набљудувач на ВМРО-ДПМНЕ дали ги донел договорените лица на гласање.

Во ИМ 1444, ОУ „Варош“, Прилеп, еден од членовите на избирачкиот одбор, кога слушнал дека влегол набљудувач на ЦИВИЛ почнал да инсинуира дека можеби не треба да му се дадат било какви информации, дека изгледал сомнително, иако е од ЦИВИЛ, зошто не дошол утрото во 7 часот… На тоа, набљудувачот одговорил дека станува збор за информации од јавен карактер, тој како домашен акредитиран набљудувач со лична идентификација и овластување има право да ги посети избирачките места кои цени дека треба да се посетат, а тоа може да го направи во било кој дел од денот од 7 до 21 часот. На таа изјава, членот на ИО рекол дека сето ова ќе биде внесено во записник, а тој ќе оди да провери дали смеат да даваат информации на набљудувачот на ЦИВИЛ. Тој не се вратил, а во меѓувреме претседателот на ИО ги дал сите информации што му биле потребни на набљудувачот.

Во ИМ 1352, ОУ Гоце Делчев, Прилеп, набљудувач од политичка партија побарал од избирачкиот одбор да погледнат во Избирачкиот список и да му кажат кои граѓани гласале со име и со презиме.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ