Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува и злоупотреба на деца во изборната кампања. Се работи за промотивен видео спот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во кој што се појавува со неговата мала внука.
https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/videos/202601807636688/?v=202601807636688
ЦИВИЛ бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и да се вклучуваат во кампањите на политичките партии.
„За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата и малолетниците“.
Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат добрите изборни практики, демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер, демократски и безбедни избори.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ