Москва е вознемирена од заканите за употреба на сила против Дамаск, што ги упатуваат некои земји, вклучувајќи ги и САД, изјави денска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
– Многу сме вознемирени од извештаите дека среде општиот пораст на реториката против Дамаск и антируската реторика во Вашингтон, повторно слушаме закани за користење на сила, што не е легално. Тие бараат изговори и тоа е сосема спротивно на значењето и содржината на Резолуцијата 2401 на Советот на безбедност на ОН, вели Рјабков.
Во Резолуцијата на Советот на безбедност на ОН едногласно усвоена во саботата, се бара 30-дневно примирје ширум Сирија, со цел да се овозможи достава на хуманитарната помош и да се изврши медицинската евакуација.
Резолуцијата е усвоена откако сириските провладини сили седум дена по ред го бомбардираа источното предградје на Дамаск, Источна Гута кое е под опсада, во една од најжестоките офанзиви во текот на сириската војна.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.