• Latest

Мрачно време за човековите права

January 31, 2019
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мрачно време за човековите права

January 31, 2019 11:38
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова е мрачно време за човековите права. Додека автократите ги окупираат насловните страници, сепак, борците за човековите права, демократија и владеење на правото стануваат сѐ посилни. Истите популисти што шират омраза и нетолеранција, истовремено поттикнуваат отпор кој продолжува да го освојува својот дел од битките. Победата во кој и да е поединечен случај никогаш не е извесна, но тоа се случуваше многу често изминатата година, така што може да се каже и дека ексцесите на автократското владеење поттикнуваат моќен контранапад“ – пишува Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч во предговорот кон годишниот извештај за состојбата на човековите права во светот.

Симона М. Живкова

За разлика од извештајот на Хјуман рајтс воч во 2015 година, во кој се нотира дека македонската полиција користи прекумерна сила против демонстрантите и случајните минувачи со препорака до македонските власти да го истражат случајот и да се обезбеди правото на мирен протест, во извештајот за 2018 Македонија не се споменува. Извештајот на оваа независна организација во врска со состојбата на човековите права опфаќа над 100 држави од целиот свет. Во извештајот се бележи зголемениот отпор против авторитарните трендови.

Без оглед на тоа дали Македонија е опфатена во годишниот извештај на Хјуман рајтс воч или не, во земјата дејствува силно граѓанско општество, а во тие рамки и значајни организации за човекови права со големо искуство и експертизи. Да се осврнеме на неколку важни аспекти во доменот на работата на оние што редовно ги следат состојбите на човековите права и слободи.

Мораме да го прифатиме фактот дека „дегруевизацијата“ на Македонија ќе биде долготраен процес на соочување со последиците од режимот. Тоа подразбира и континуирано разобличување и борба со самите причини кои го овозможија зајакнувањето на авторитарниот режим и заробената држава, во сите сегменти на човековите права и слободи. Слично како во констатацијата на Хјуман рајтс воч, и во македонското општество, каде што криминалот и злосторствата поранешната власт ги прикажуваше како „љубов кон Македонија“, граѓанскиот отпор, исто така, се засилуваше, а денес може да се констатира дека позитивните ефекти веќе се чувствуваат.

Една од позитивните разлики кои можеме сите да ги почувствуваме е слободата на изразување кое подразбира слобода на функционално примање и пренесување на информации и идеи, на индивидуално ниво, но и слободно остварување на ова право во јавниот дискурс и во медиумите, што не беше случај во претходниот облик на владеење во државата.

Денес ја користиме таа слобода не само на социјалните мрежи, туку и преку сите форми кои ни овозможуваат да ги изразиме нашите ставови и да бидеме дел од креирањето на јавното мислење.

Може да се забележи и поголема слобода на правото на здружување кој подразбира и право на мирен протест. Граѓаните многу послободно и во поголема мера ги користат овие права поради фактот што станаа свесни за тоа колку овие права се моќна алатка за влијание и притисок врз власта и институциите, за зајакнувањето на демократијата воопшто, како и за откривање на злоупотребите и криминалите во сите сегменти на општеството. Впрочем, така се создаваше и растеше нашиот отпор против режимот, како револт против кршењето на човековите права.

Она, пак, што во негативен контекст се применува во нашата држава е говорот на омраза. За разлика од слобода на мислата што е неприкосновено право, слободата на изразувањето е подложна на ограничување и граници кои не треба да дозволат да премине во нешто што е спротивно на функцијата на ова право и што лесно може да доведе до експанзија на сите облици на дела на омраза од вербално до физичко.

Во Македонија, говорот на омраза е премногу застапен во секоја форма на слободно изразување, а уште поголем проблем на кој треба да се работи е непрепознавањето на овој феномен во нашето општество од сите релевантни институции, што може да се забележи од малиот број регистрирани случаи на говор на омраза и санкционирање на овој феномен.

И покрај зголемениот отпор и гласност на граѓаните во државата, борбата за основните човекови права е во зачеток. Секојдневно слушаме за кршење на работничките права во огромен обем и во секоја форма, дискриминација во различни форми, корупција, загрижувачки податоци за условите во затворите и правата на затворениците, неефикасниот систем за превенција и заштита од семејно насилство, повреда на правото на глас на граѓаните, нефункционалната здравствена заштита…

Да се потсетиме дека и покрај тоа што во минатото Хјуман рајтс воч изрази загриженост во однос на правата на ЛГБТИ заедницата со препорака за исполнување на должноста за недискриминација по било која основа, правниот статус на ЛГБТ заедницата е сè уште на незавидно ниво и сè уште чекаме одредени структури да созреат по однос на ова прашање, кое всушност е едно од основите вредности и права на поединецот.

Во суштина, она малку позитивни оценки во однос на човековите права и слободи паѓаат во сенка, особено со оглед на негативните последици што тешко се искоренуваат. Можеби извештајот на Хјуман Рјтс Воч за 2019 година повторно нема да ја рангира Македонија како земја што во која фундаменталните права и слободи на човекот се загрозени. Но, тоа не го менува фактот дека во пракса власта нема обврска да спроведува стратегии за заштита на човековите права и слободи.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Print Friendly, PDF & Email
Share64Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ