• Latest

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Иранците го напуштаат Техеран по израелските  напади. Фото: Скриншот од видео на TOI

Страв ги обзема Иранците, голем број бегаат од Техеран додека конфликтот со Израел ескалира

June 15, 2025
Фото; Скриншот од видео на ВВС

Трамп ставил вето на израелскиот план за убиство на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи

June 15, 2025
Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ во присуство на рускиот амбасадор Баздникин на 9 мај полага цвеќе со лента во боите на српското знаме. Фото: Фејсбук на Иван Стоиљковиќ

ДУИ: Стоилковиќ ја претстави Владата рамо до рамо со Русија, Кина и локалните инсталации од српскиот и рускиот свет, во одбрана на руската агресија врз Украина

June 15, 2025
Фото: Скриншот од фајсбук

(ВИДЕО) Масовните анти-Трамп протести „NO KINGS“ на социјалните мрежи

June 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Руските агресори однесоа 50 украински деца од окупираниот дел на Луганск во „рехабилитационен“ камп во далечната Калмикија

June 15, 2025
Фото: Nicolas_Sarkozy_(50263923671)]] wikimediacommons

На поранешниот француски претседател Саркози му е одземен орденот „Легија на честа“

June 15, 2025
Фото: Фромтлајн

Градоначалникот на Кочани вели дека премиерот не го прима на средба, а од централната власт досега не добиле ништо; Мицкоски смета дека граѓаните ќе го дадат својот суд на локалните избори

June 15, 2025

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025
Made with AI support (ChatGPT & DALL·E by OpenAI), in collaboration with Civil Media.

Власта го помина Рубиконот

June 15, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Европа не одлучила што да прави ако САД се повлечат

June 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025 14:32
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд Тетово денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе ги загубија животите. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– Флорин Бесими и Артан Етеми виновни се за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно е за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 5 во врска со став 4 и во врска со став 2 од Кривичниот законик. Судот Флорин Бесими и Артан Етеми ги осудува на ефективна казна затвор од траење од една година и шест месеци, Судот правното лице го осудува на парична казна од еден милион денари да ја плати по 30 дена од правосилност на пресудата, наведе при читањето на пресудата судијата Реџеп Муса.

Обвинетиот Флорин Бесими по изрекувањето пресуда во изјава за медиумите изразувајќи сочувство за човечките животи, рече дека е сторена неправда.

-Ова судење не беше за да се открие вистината, ниту да се најдат виновниците на оваа трагедија, зошто настанал пожарот, кој е одговорен за изградба на објектот што изгори, кој дозволи животите на луѓето да бидат ставени во опасност. Не, ова судење се претвори во склоп на вина, против оние што ниту имале моќ, ниту одговорност за оваа трагедија. Мене ме обвинија за недостаток на противпожарни апарати, а во постапка докажавме дека има ПП апарати, иако гледате дека не сум се потпишал на ниеден документ, сите знаат, не го зедоа предвид, дека не сум потпишан за таков објект. Ова е стварно неправда, иако некои од сведоците тврдеа дека имало ПП апарати иако ние со очи видовме тој пожар не можеше да се изгасне со ниту еден рачен апарат. Ова е бегање од вистината, јас не барам милост, јас барам правда за жртвите и за себе. Барам вистина да излезе на виделина, семејствата на жртвите не заслужуваат погрешно објаснување и лажен виновник. Тие заслужуваат да ја знаат вистината, изјави Флорим Бесими.

Бранителот на Клиничка болница Тетово истакна дека пресудата за нив не е прифатлива и смета дека е последица на погрешно утврдена фактичка состојба и грешно толкување на одредбите од Законот за кривична постапка.

-Ние ќе поднесеме навремена жалба, и веруваме во судството дека второстепениот суд правилно ќе ги оцени нашите наводи, изјави адвокат Ваљон Абдуљамиди, бранител на ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Мумин Исмаили, претставник на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната болница рече дека не се задоволни од оваа пресуда.

– Да одиме по математика, да ги ставиме тие 14 жртви изнесува по еден месец затвор, ние ќе продолжиме натаму со жалба, не сме задоволни. Пред судот требаше да дојде и министерот Филипче, Анѓушев, фирмата Брако, инсталацијата на струјата што ја ставаа во модуларната, тие треба да бидат виновни за оваа трагедија, ама државата одлучи Флорим Бесими и Артан Етеми да бидат казнети една година и шест месеци. Не викам дека немаат вина и овие, вина имаат и овие, ама вината е погоре, изјави Мумин Исмаили.

Ова беше второ, повторното судење за модуларната болница во Тетово, кое почна во март 2025 година. Апелацискиот суд во Гостивар во април 2024 година донесе решение повторно да има судење за двајцата поранешни директори и Клиничката болница како правен субјект по првиот процес кој беше завршен во јуни 2023 година кога директорите добија условна осуда од една година и шест месеци затворска казна, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    493 shares
    Share 197 Tweet 123
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    220 shares
    Share 88 Tweet 55
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ