• Latest

Мрежата од странски македонисти во светот е огромен потенцијал за афирмација на македонскиот јазик и култура

September 7, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мрежата од странски македонисти во светот е огромен потенцијал за афирмација на македонскиот јазик и култура

September 7, 2023 09:56
in КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Оваа година на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) имаше рекордни 70 учесници, после рестриктивните години на пандемијата со ковид.

За време на нашата посета во Охрид, сите учесници со кои контактиравме, од повеќе генерации, со радост и ентузијазам говореа за можноста повторно, или за прв пат, да бидат на семинарот.

Сите тие се дел од мрежата од странски македонисти во светот којашто има огромен потенцијал за  афирмација на македонскиот јазик и култура

Оваа година дојдоа најголем број семинаристи што досега доаѓале од НР Кина. Во Кина веќе се одвива настава по македонски јазик, а минатата година за првпат беше избран лектор и се прави сè Лекторатот да започне забрзан развој.

Повторно има семинаристи и од САД, Јужна Кореја и Италија, а од Турција, покрај семинаристи од Истанбул, и годинава има и од Анкарскиот универзитет.

На оваа Летна школа има учесници и од Албанија, од каде што стигна веста дека од оваа академска година повторно започнува со работа Лекторатот по македонски јазик во Тирана.

По 2-3 години се вратија и семинаристи од Романија, на школата има учесник и од Украина и се зголемува интересот за изучување на македонскиот јазик од семинаристи од Грција.

Се разбира ова лето во Охрид на МСМЈЛК дојдоа македонистите од земји од кои традиционално, без прекин се учесници на Летната школа и тоа од Франција, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Руската Федерација, Чешката Република.

Со дел од лекторите и професорите поразговаравме за придобивките што ги остварува МСМЈЛК, кој во последниѕе години добива силна поддршка и гласност. Прашавме што значи кога 70 семинаристи, кои две или три недели престојувале во Македонија, го изучувале јазикот, се запознавале со литературата и културата, сега ќе се вратат во своите средини. Што можат да проектираат за македонскиот јазик и колку е тоа значајно за нас.

Проф. д-р Славчо Ковилоски од Институтот за македонска литература при УКИМ вели дека важно е што тие семинаристи што еднаш веќе биле како почетници догодина да дојдат пак. После следната година да дојдат пак да го усворшуваат македонскиот јазик. Овде има прв, втор трет степен. Има почетници, но има и веќе што добро го владеат македонскиот јазик, што добро се запознаени со македонската литература, јазик и култура и повторно се враќаат и го унапредуваат.

– Замислете од тие 70-тина, половина нека продолжат да работат, дваесеттина да продолжат од секоја година да ја афирмираат македонската култура во Кина, во Кореа, во Франција, во Словенија, во Хрватска, кај ќе ни биде крајот. Меѓутоа тоа треба да биде проект што не се прекинува, државата треба што повеќе срдства да вложува, да има подобри услови за работа и при тоа да се обидеме и Летната школа и самите македонски образовни институции да продрат низ овие познати македонистички центри во странство. Но, да пробаме да освоиме и нови, непознати досега центри каде што не се изчува македонскиот јазик. Тоа е стратегија, така се работи. Така работи целиот свет. Секаде, по малку по малку за да се стигне до едно ниво каде што барем во секоја земја да имаме по еден македонистички центар ќе бидеме одлични, истакна Ковилоски во разговорот за Рацин.мк.

Целиот текст и видео содржините од Рацин.мк, тука.

Tags: македонски јазикМеѓународниот семинар за македонски јазик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ