Владата на синоќешната 43-та седница ја усвои одлуката со која автомобилот „Мерцедес“ од околу 600.000 евра што беше во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а се спомнуваше во т.н. бомби, и се дава на трајно користење без надомест на владината Служба за општи и заеднички работи.
– Со тоа се создава можност ова возило да биде отуѓено и средствата добиени од тоа да бидат наменети за набавка на болничка опрема, соопшти владината прес-служба.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.