Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе присуствува на отворање четири станбени единици каде што ќе живеат деинституционализирани лица од Бања Банско.
На отворањето, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ќе присуствуват и Коста Јаневски, градоначалник на Општина Струмица, Росана Дуџак, постојана координаторка на ООН во Северна Македонија, Стојанка Изова, директорка на Бања Банско, и претставници од агенциите на ООН партнери на МТСП во процесот на деинституционализација.