• Latest

МТСП: Надоместок на плата од 70 отсто за време на принуден одмор и 50 проценти за отсуство поради виша сила

April 14, 2020

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Надоместок на плата од 70 отсто за време на принуден одмор и 50 проценти за отсуство поради виша сила

April 14, 2020 20:13
in ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Работодавците согласно членот 112 од Законот за работни односи додека се во сила мерките од Владата за справување со корона вирусот на работниците може да им исплатат надоместок на плата во висина од 50 проценти – во случај на отсуство од работа поради виша сила или 70 проценти во случај на прекин на работниот процес од деловни причини – принуден одмор.

– За да не престане работниот однос на работниците, работодавачот може да ја користи одредбата од членот 112 став 7 и на работниците за периодот додека не постојат можности за работа (поради одлуките на Владата) да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата, стои во соопштението од владината прес-служва.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека исплатата на надоместоците на работниците за плата се дефинирани со Членот 112 од Законот за работните односи од кој посочуваат два става:

– Став 7 – ако работникот нема можности да ја врши работата поради виша сила, а за да не настане престанок на работниот однос, работодавачот може да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.

– Став 10 – во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70 проценти од платата и тоа најмногу до три месеци во тековната година.

Согласно наведеното, а имајќи ги предвид неколкуте одлуки на Владата на Република Северна Македонија, со кои целосно се забрани работата на правните субјекти во одредени дејности, а заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД – 19, потребно е истата ситуација да се смета како виша сила.

Во услови на намалување на прометот, намалување на обемот на работа, работодавачот, информираат од Владата, има потреба и право на реорганизација на работниот процес со цел да не дојде до отпуштање на вработените, при што дел од вработените можат да ја реализираат работната обврска, а работниците кои не можат да обавуваат работни обврски, или пак е намален обемот на работата кај работодавачот, истите можат да го користат институтот – принуден одмор.

– Во случај на потреба од користење принуден одмор, работодавачот е должен на работникот да му се издаде соодветно решение, обврска која е предвидена согласно член 112 став 10 од Законот за работните односи, како и да му плати надоместок на плата од 70 проценти од платата за период до три месеци во тековната година. Надоместокот на плата за време на принуден одмор е утврден и во Општиот колективен договор за вработените во приватниот сектор од областа на стопанството (член 32), стои во соопштението.

Од Владата посочуваат дека и во двата случаи на примена на наведените одредби од Законот за работните односи, интерес имаат и работниците и работодавачите.

– Со тоа работниците ги задржуваат работните места, а работодавачите ќе имаат можност да ги користат мерките на Владата на Република Северна Македонија за различните видови на поддршка под различни услови и критериуми утврдени со соодветните уредби со законска сила, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во ваква ситуација, се посочува, сите подеднакво, во рамките на нашите можности треба да придонесеме за справување со проблемот, вклучувајќи го и предизвикот за опстанок на пазарот на трудот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ